Димитра Карчицка (р. во Поздивишта, Костурско) — македонска математичарка и универзитетска професорка почнувајќи од 1984 година.

Животопис

Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1961 година, магистрирала во Белград во 1969 година, а докторирала во 1973 година на ПМФ со темата „Некои проблеми на квадратното програмирање со матрици од Леонтјев тип”. Објавила научни трудови во областа на математичкото програмирање, универзитетски учебници, скрипти за своите предавања на постдипломските студии, стручни трудови за потребите на математичките школи и за перманентното образование на наставниците. Била продекан на Математичкиот факултет (1980-1982), на ПМФ (1991-1993) и шеф на Институтот за информатика (1985-1989 и 1995-1997).

Како дел од Втората светска средба на децата бегалци била отворена изложба на фотографии и документи. Изложбата во Музејот на град Скопје ја отворила Димитра Карчицка, а на истата биле претставени 106 фотографии и документи од животот на децата бегалци во детските домови.

Наводи

Категорија:Луѓе од Поздивишта Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Деца бегалци