мини|десно|Патна ознака на потегот Цотил - Жупан во областа Населица. Државен пат 20 или ЕО20 () — пат во Епир и Егејска Македонија, Грција. Ги поврзува градовите Јанина и Кожани преку Коница и Сачишта. Минува низ Јанинско, Костурско и Кожанско. Со пуштањето на магистралата А2 („Егнатија“), патот изгубил на важност и станал спореден. Делницата од Јанина до Калпаки влегува во состав на Европскиот пат Е853. Патот има две ленти, по една во секој правец, и должина од 215 км.
Правец Западниот крај на ЕО20 се наоѓа во центарот на Јанина, каде се поврзува со државните патишта ЕО5, ЕО6 и ЕО17. Оди на северозапад кон Калпаки (клучка со ЕО22), каде свртува на североисток кон Коница. Одовде до Цотил минува низ планинскиот венец Пинд. Делницата од Лапчишта до Сачишта се совпаѓа со ЕО15. Од Сачишта ЕО20 продолжува на исток сè до неговиот источен завршеток во градот Кожани.
Населени места Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
Јанина (Јоанина) Метаморфоси Калпаки Присојани (Пирсојани) Борботско (Ептахори) Жупан (Пендалофос) Цотил (Цотили) Лапчишта (Неаполи) Сачишта (Сјатиста) Шајнлер (Ксиролимни) Коџа Матли (Ватеро) Кожани (Козани)
Поврзано Смолика Вик (клисура) Егнатија (А2)
Наводи
Категорија:Патишта во Грција Категорија:Патишта во Егејска Македонија Категорија:Пинд