Владлена Едуардовна Бобровникова (родена на 24 октомври 1987) — руска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ростов-Дон и за руската репрезентација.

Кариера Клупска кариера Бобровникова започнала да се занимава со ракомет на 11 години,Гандболистка «Ростов-Дона» Влада Бобровникова вышла замуж за итальянца а овој спорт го избрала благодарение на баба и. Својата кариера ја започнала во екипата на Кубањ Краснодар, за која го направила своето деби во натпревар од руското првенство против екипата на Университет Ижевск.Профиль на сайте клуба «Ростов-Дон» Со Кубањ стигнала до четвртфиналето на Купот на ЕХФ во сезоната 2008-2009. Во 2009 година, таа ја напуштила Русија и заминала во странство: најпрво играјќи во српската Кикинда, а потоа во јануари 2010 година се преселила во италијанското првенство во екипата на Сасари, со која го освоила Купот на Италија во 2010 и 2011 година.Sassari, ingaggiata la russa Vladlena BobrovnikovaTitelträger Italien (Frauen)'' Во октомври 2011 година се преселила во Терамо (поради спонзорски причини клубот бил познат и како Лидеркуп) со кого го освоила италијанското првенство во сезоната 2011-2012.A1 Femminile: a Teramo arriva Vladlena BobovrinokovaTeramo Campione d'Italia di Pallamano femminile. Batte Salerno 31 a 29

Во 2012 година, Владлена се вратила во Русија и до денес настапува за екипата на Ростов-Дон; со нив двапати стигнала до полуфиналето на Купот на победниците на куповите во 2012-2013 и 2013-2014. Во сезоната 2014-2015, за првпат во својата кариера го освоила руското првенство. Подоцна со клубот освоила уште три шампионски титули на Русија: во сезоните 2016-2017, 2017-2018 и 2018-2019. Во сезоната 2016-2017, била во составот на Ростов-Дон кој го освоил Купот на ЕХФ со победа над Витигхајм во финалето. Исто така играла во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2018-2019 и постигнала еден гол во поразот од Ѓер со 25-24.

Репрезентативна кариера Владлена учествувала на Европското првенство 2014 година, каде одиграла четири натпревари (руската репрезентација тогаш го освоила само 14-тото место)eurohandball.com: Wladlena Bobrownikowa. Исто така добила повик и за Светското првенство 2015 во Данска,Трефилов назвал состав женской сборной России на чемпионат мира, каде во првиот натпревар против бранителот на титулата Норвешка постигнала два гола (Русија победила со 26-25).Чемпионат мира (жен). Россия выиграла у Норвегии и другие матчи} Следната година настапила на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде Русија го освоила златниот медал, а Бобровникова била една од најважните ракометарки на репрезентацијата.

Титули Клупски Сасари Куп на Италија (2) : 2010, 2011

Терамо Италијанско првенство (1) : 2011-2012

Ростов-Дон Суперлига на Русија (4) : 2014-2015, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019 Куп на Русија (5) : 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 Суперкуп на Русија (4) : 2015, 2016, 2017, 2018 Куп на ЕХФ (1) : 2016-2017

Репрезентација Русија Олимписки игри (1) : 20px|Златен медал 2016

Наводи

Надворешни врски

Владлена Бобровникова на eurohandball.com

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски ракометарки Категорија:Ракометарки на Ростов-Дон