алт=Део етнолошке збирке Народног музеја у Крушевцу|мини|Шамија на народна носија од Крушевац алт=Део етнолошке збирке Народног музеја у Крушевцу|мини|Жолта шамија (детали) Шамија — тенка марама со која жените ја покривале главата или ја прицврстувале косата. Таа најчесто е направена од маркизета. Исто така, шамијата може да биде и украсна капа која се носи вообичаено за време на свечени прилики.

Потекло Шамиите се составен дел од облеката на муслиманките и под нивното влијание, во времето на турската власт во Србија и Македонија, станале дел и од српските и македонските народни носии. Во многу краишта во Србија и Македонија марамата се носела секојдневно, биле во различни бои и различно украсени, сè во зависност од тоа за која прилика биле носени. Во селските средини и ден денес постарите жени носат марами, вообичаено се во потемни бои со многу цветови. Црната шамија се носи во знак на жалост и обично се носи година дена од смртта на покојникот.

Марамите и денес се многу популарни, но повеќе како моден детал него како задолжителен дел од гардеробата. Се прават од различни материјали, во различни облици и дизајни, а освен на глава се носат и околу вратот.

Поврзано Марама Македонска народна носија

Наводи

Литература Ј. Љубица, Ј. Даница, Народне игре, Народна библиотека Србије, Београд, 2016. В. Татомир, Врање, Раднички Универзитет у Врању, Врање, 1978.

Надворешни врски Врањска стара носија

Категорија:Исламска облека Категорија:Капи Категорија:Марами Категорија:Македонски народни носии Категорија:Турцизми