мини|260п|Ѕидина на тврдината. Мегленска тврдина (, Κάστρο Χρυσής) — средновековна тврдина, чии остатоци се наоѓаат близу воденското село Слатина (Хриси) во општината Меглен, Егејска Македонија, денес во Грција.

Историја Се смета дека тврдината е средновековниот град Меглен, седиште на истоимената византиска тема и епархија од XI век или порано. Во 1134 г. е засведочен епископот Иларион Мегленски.

Според патешественикот Алфред Делакулонш од XIX век, ова е местото на древномакедонскиот град Европ, претпоставка усвоена од археологот Деспина Евгениду. Меѓутоа, на ова место засега не се откриени остатоци од антички град, а за местоположбата на Европ има и други мислења, како она на Николаос Пападакис кој во 1913 г. го поистоветил со Рудинското кале кај с. Рудино (Алорос).

Тврдината била упориште на кавханот Дометијан и болјарот на Мегленската област, Илица против војската на византискиот цар Василиј II. За да ја заземе, во 1015 г. Василиј бил принуден да ја пренасочи реката Мегленица, да ги поткопа темелите на тврдината и да користи оган за конечно да ја пробие. Меглен се споменува во грамотите на царот Василиј II, во кои се определуваат границите на Охридската архиепископија.

Во 1980 г. Мегленската тврдина е прогласена за заштитено археолошко наоѓалиште.

Опис Зачуваните ѕидини на крепоста се од X–XII век, но веројатно се изградени врз постари одбранбени ѕидови. Ѕидовите се наполно проследливи, но подобро се запазени во јужниот и источниот дел. Денес преостанатиот бедем има приближна должина од 500 метри и достига 7 метри во висина. Направени се од камења земени од реката Мегленица и редови од дробена тула. Зачувани се две елипсовидни, една округла и една квадратна кула.

Подрачјето во ѕидините зафаќа 4 хектари, и се чини дека било проширувано на исток. Во рамките на тврдината е откриена трикорабна епископска базилика. Вон ѕидовите, во Долниот Град е пронајдена гробна црква.

Поврзано Мегленска епископска базилика Мегленска гробна црква

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Меглен