Рудничко Езеро (, Лимни Металиу) — вештачко езеро во областа, Бојмија, Кукушко, Егејска Македонија. Создадено е со изградбата на брана преку реката Коџа Дере (Мега Рема), притока на Вардар.
Езерото има должина од 2 км и најголема длабочина од 35 метри.Νομός Κιλκίς, Αξιούπολη Сместено е 15 км северозападно од гратчето Бојмица и 10 км од селото Извор.
На ова место, за време на Втората светска војна постоеле француски рудници кои подоцна се потопени од водата. Некои од окната останале на суво и можат да се видат и денес од крајезерскиот пат.
До езерото се стасува по шумски пат од листопадни дрвја, по падините на планината Пајак. Во Рудничкото Езеро се одвиваат разни рекреативни дејности како велсање со кануа и кајаци, како и риболовот бидејќи истото изобилува со пастрмка.
Наводи
Поврзано Коџа Дере Љумнички водопади Пајак (планина) Бојмија
Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Пајонија (општина)