Древено (, Пили; до 1926 г. Δρέβενο, ДревеноΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρέβενον -- Πηγή) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи е целосно напуштено по Грчката граѓанска војна во 1949 г. и од него останала само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Свети Врач“).
Географија Селото се наоѓало во областа Бојмија, на десниот брег на Вардар, северозападно од општинското седиште Бојмица.
Историја Кај Древено е откриена стара населба, прогласена за заштитен археолошки споменик во 1994 г.
Во Отоманското Царство Во XIX век Древено било македонско село во Гевгелиската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Древе (Dreve) имало 30 домаќинства со 142 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168 – 169.
Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на ВМРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Древено било село во Гевгелиската Каза со 125 жители, сите Македонци.
Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Древен (Dreven) имал 104 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Древено било македонско со 20 куќи.
Според подоцнежните егзархиски податоци, во 1910 г. Древене е чифлигарско село со 25 семејства, и има 124 македонски жители и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Потпаѓање под Грција мини|250п|Муслимански жени во Древено за време на Првата светска војна, на 1 мај 1918 г. Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Македонското население се иселило во Бугарија, а на негово место се доселени Грци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Пили. Во 1928 г. Древено било чисто дојденско село, со 31 семејства од 104 доведени Грци. Во Грчката граѓанска војна жителите на Древено го напуштиле селото и се преселиле во Бојмица.
Денес од Древено е останата само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врач“), изградена во XIX век.
Личности Родени во Древено Јордан Русев — револуционер, четник на солунскиот војвода Ичко Димитров во 1912 г.Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63. Костадин Илиев Трајанов — револуционер, деец на ВМРО Мицо Георгиев Кехајов — револуционер, деец на ВМРО
Поврзано Бојмија Црква „Св. Кузман и Дамјан“
Наводи
Категорија:Историски села во Пајонија (општина) Категорија:Гевгелиски села