Попово Село () — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во југозападните падини на планината Пајак, северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и околу 5 км југоисточно од Тодорци.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Попово Село било село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Попово Село броело 55 жители, сите Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Попово Село живееле 32 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија Симовски го наведува Мишев, т.е. Бранков со 80 жители).Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Попово Село било македонско со 8 куќи.
Во Грција Во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Регистрирано е како населба со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува со 7 македонски куќи. Обата извора имаат малку застарени податоци, бидејќи се смета дека населението се иселило од Попово Село уште во 1911 г., прибирајќи се во повеќе села — четири семејства во Тодорци, две во Бабјани и едно во Свети Илија. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведено како веќе напуштена населба.
Наводи
Категорија:Историски села во Постол