Национален парк Делта на Вардар (); полно име: Национален парк Вардар-Колудеј-Бистрица () — национален парк во Солунско и Берско, Егејска Македонија, денес во Грција. Во Солунско ги опфаќа лагуната во с. Гаскарка, устието на реката Галик и делтите на реките Вардар и Бистрица. Во Берско, во паркот влегуваат моклиштата на селата Нов Ахтопол и Тузла. Подрачјето првпат е заштитено во 1971 г. како влажно станиште од меѓународно значење согласно Рамскарската конвенција, а потоа е ставено и во мрежата „Натура 2000“. Вбројано е и во списокот Важни птичји подрачја (IBA).
Клима Климата во овој крај е топла преку летото, без особени температурни колабања, додека пак зимите се свежи и влажни. Прекумерните врнежи од снег се ретка појава, а замрзнувањето на водата е уште поретко. Просечните годишни врнежи изнесуваат 442,5 мм, при што најврнежлива е есента.Τα Εθνικά Πάρκα της Ελλάδος, σ. 274, εκδ. Explorer, isbn 960-8303-04-4
Растителен и животински свет Паркот нема ретка, ендемска или загрозена растителност, туку се состои од видовите кои често се среќаваат по моклиштата, соленикавите води и плажите.
Реките во паркот се особено богати и разновидни. Само во Вардар се забележани 26 видови риби, а Бистрица има 26 домородни и 4 внесени видови. Од нив, од особен интерес е мергурот (Pachychilon macedonicum). Меѓу цицачите се среќаваат нутријата (Myocastor coypus), стоболката (Spermophilus citellus), видрата (Lutra lutra) и биволот (Bubalus bubalis).Βασίλης Γκούτνερ, Υδροβιότοποι «Στο Δέλτα του Αξιού», εκδ. Καθημερινής «ΕΠΤΑ ΗΜΕΡΕΣ», τόμ. ΚΕ σ. 85 (1988)
Птици Во националниот парк се застапени многу видови птици, од кои некои постојани и многу презимки и други преселници. Еве некои од позначајните:
блатна ластовица, (Glareola pratincola) голем воден бик (Botaurus stellaris) дива патка (Anas platyrhynchos) кадрав пеликан (Pelecanus crispus) лебед (Cygnus) лиска (Fulica atra) мал воден бик (Ixobrychus minutus) ноќна чапја (Nycticorax nycticorax) остригар (Haematopus ostralegus) патка ластовичарка (Anas acuta) патка свиркач (Anas penelope) пупунец (Upupa epops) посетува напролет рибарче (Alcedo athis) — трајно вдомено во паркот сива чапја (Ardea cinerea) црноглав галеб (Larus melanocephalus) чурулин (Burhinus oedicnemus)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Запис за националниот парк на Натура 2000 Делта на Вардар-Колудеј-Бистрица — профил на Protected Planet Опис на Делтата на Вардар на порталот Посетете ја Грција
Категорија:Национални паркови во Грција Категорија:Географија на Егејска Македонија Категорија:Рамсарски места во Грција Категорија:Вардар Категорија:Делта (општина) Категорија:Пидна-Колиндар Категорија:Појавено во 2009 година Категорија:Бистрица (Егејска Македонија)