Илијада (ст.грч. Ἰλιάς) — епопеја која се смета дека ја напишал Хомер. Тематски е поврзана со времето кога Грците ја започнале колонизацијата на островите во Егејско Море и на Мала Азија. Оваа колонизација била предизвикана од зголемувањето на населението на Балканскиот Полуостров, кое почнало да бара земји за населување и да ги напаѓа и ограбува соседите. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна, што се случила во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. Според митот за Tројанската војна, Парис, синот на тројанскиот цар Пријам, ја грабнал Елена, жената на спартанскиот цар Mенелај, и ја однел во родниот град Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделните полиси на чело со Агамемнон, царот на Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на грчката (ахајската) војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува во „Илијада” се случиле во последната, десетта година од војната, односно се опева само 51 ден.Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, Скопје, 2006 г., стр. 214 Илијада се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија датира од околу осмиот век п.н.е.Vidal-Naquet, Pierre. Le monde d’Homère (The World of Homer), Perrin (2000), p. 19

Кратка содржина thumb|right|220px|Првите стихови од Илијада Во десеттата година на Тројанската војна избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон, кога аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот Теба од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви Аполон, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против Тројанците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.

Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле Менелај и Парис каде што победил Менелај, но божицата Афродита го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле Ајант и Хектор. Хектор бил ранет, но богот Аполон бргу го излечил.

Боговите на Олимп се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а Хера и Атина - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: Агамемнон, Менелај, Диомед, Одисеј, Идоменај и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ Хектор, Ајнеј, ликискиот цар Сарпедон и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.

Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, Ајант и Одисеј кај Ахил и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил Патрокле, најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокле се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.

Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со Ехеј, кого од сигурна смрт го спасил богот Посејдон. Ахајците биле надмоќни и Пријам наредил Тројанците од бојното поле пред ѕидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот Хектор останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако неколкупати обиколил околу Троја за да видат Тројанците дека нивниот најголем јунак е мртов, Ахил телото го довлечкал до ахајските кораби.

Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несреќниот Пријам, таткото на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на Пријам, Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечениот закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.

Јунаците во Тројанската војна Ликовите на Хомер се типични и поединечни во исто време. Тие се дрски херои кои ги уриваат забраните и законите, заслепени од заблуда или гнев. Противтежа на гневниот и суров Ахил е Хектор, претставен како морален и благороден јунак. Наспроти верната сопруга и нежна мајка Андромаха, е ликот на лекомислената жена Елена, која станала причина за толку несреќи. Двајцата браќа принцови на Троја се исто така поларитетни ликови: Хектор е морален и храбар, а Парис е егоист и кукавица. Хомер не ги анализира душевните состојби на своите јунаци. Откако физички ќе ги опише, натаму остава самите да зборуваат за себе преку дијалозите.

Ахил thumb|right|200px|Ахил и Патрокле. Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е водачот на Мирмидонците, јунакот околу кого се групирани сите поважни настани во „Илијада“. Во античко време тој бил олицетворение на нивниот идеал за совршен јунак. За разлика од другите грчки јунаци кои во војната со Тројанците пред сè барале плен и богатство, тој е дојден да војува за општото добро на сите Грци. Ахил при поделбата на пленот се задоволил со најмал дел, иако знаел дека е најголемиот јунак во грчката војска. Кога Ајант за Брисеида, што му ја одзел Агамемнон, му нудел седум моми и многу дарови, тој му одговорил дека во Грција секоја навреда може да се ублажи со поткуп. Тој не мислел така, со честа не се тргува и ги одбил понудите на Ајант. Ахил е бестрашен јунак и Хомер ни го покажува во разни ситуации: кога е гневен и упорен, кога се бори на бојното поле, нанесувајќи смртоносни удари; кога се колне над телото на мртвиот Патрокле дека ќе го одмазди; кога се одмаздува, бездушно влечејќи го телото на Хектор под ѕидините на Троја и кога наредува да се убијат дванаесет Тројанци. Силата и бестрашноста не се единствените одлики на Ахил. Тој знае да биде благороден и великодушен. Молбите на Пријам да му го даде мртвото тело на Хектор го смекнуваат неговото гневно срце. Тој е трогнат до солзи кога стариот крал Пријам клекнува и му ја бакнува раката, раката што го убила неговиот син. Во тој миг Ахил ја заборавил одмаздата и му го предал мртвиот Хектор:

„Кротко го зеде старецот за рака, го отсеби полека, Двајцата тажни беа: Пријам за синот плачеше свој, славниот, мртов сега легнат пред нозете на Ахил: Ахил, пак, со мисла за татка си и другарот тажно плачеше - и надалеку се носеше плачот жален.“

Ахил му го дава телото и му ветува дванаесет дена примирје за да можат Тројанците да го исплачат Хектор и да го закопаат со сите почести. Ахил е национален јунак на грчкиот народ. Тој станал нивен идеал поради способноста да биде жесток и најнежен; многу да сака и многу да мрази, да се одмаздува и да сочувствува. Неговата храброст и благородност станале поим за совршен човек.

Хектор thumb|right|250px|Ахил го убива Хектор, од Петер Паул Рубенс (1630–35). Хектор е најславниот тројански јунак и војсководец. Ахајците го сметале за непобедлив и кога паднал погоден од копјето на Ахил, грчките војници дошле да проверат дали е обичен човек:

„Другите синови пак Ахајците околу него трчаа за да го видат и да се начудат мошне на Хекторовата снага и лик, што возбудува восхит туку не можеше тогаш ниеден од нив да се здржи и да го удри трупот на Хектора, макар и мртов. Вака пак некој ќе речел, гледајќи во другиот ближен: Олеле, вистина сега на пипање е помек Хектор одошто корабите кога ги палел со жешкиот оган.“

Хектор е одважен и чесен борец, тој војува за да ја одбрани честа таткова и своја и да ја заштити родната земја од туѓинските напаѓачи. Тој има развиено чувство за обврска и одговорност. Жена му Андромаха го одвраќа од двобојот со Ахил, но тој, иако многу ја сака, иако е загрижен за нејзината иднина и иднината на синот, не се откажува од двобојот:

„Вистина жено, за ова се мислам и јас, но се срамам страшно од нашиве Тројци и Тројки со облеки долги, ако се повлечам јас ко страшливец беден од бојот: зашто не ме пушта духот и везден сум свикнал да бидам чесен и одважен јас, да се борам сред првите Тројци славата таткова велја и своја гледајќи да спасам.“

Хектор страшливоста ја сметал за недостојна слабост и го прекорува својот брат Парис, кој, кога го повикал Менелаја на двобој за да го решат спорот околу убавата Елена, штом го видел како скока од колата, се уплашил и почнал да бега:„Зошто ти не сретна со оружје царот Менелај. Би открил на каков јунак си му ја зел жената. Нема да ти помогнат ни гитарата ни раскошната убост даровите на Афродита, кога си ништожен како прашинка.“Од Хектор зрачи човечка доблест, искреност и непосредност. Ако на бојното поле идеал му била чесната борба, идеал во домот му е семејната среќа. Тој е нежен татко и верен сопруг, целосно предаден на жената и синот.

Агамемнон Агамемнон е крал на Микена, и тој е војсководец на Грците во оваа војна. Најголемиот противник на Ахил и најголем виновник за започнување на Тројанската војна. Според него, Ахил бил премногу вообразен човек, којшто мисли дека е над сите луѓе па дури и над боговите.

„Не ми преправај мене, биголики Ахиле, вака колку и умен да си оти не ќе ми го свртиш умот. Или пак сакаш да ти имаш дар, а јас овдека вака лишен да седам, штом мене ми викаш да неа ја вратам? Но ќе ми додељат дар Ахајциве силни и смели достоен угодувајќи ми мене што срце ми сака; ако не ми дадат тие, јас самиот можам да дојдам твојот дар или од Ајнт иљ од Одисеј да го земам и да го носам, а тој ќе се љути кај кого ќе дојдам...“

Одисеј Одисеј е кралот на Итака, итар и трпелив.

Патрокле Патрокле е најблискиот другар и побратим на Ахил.

Терсит