Дерик Лерон Вилијамс (Белфлауер, 25 мај 1991) е американски кошаркар. Тој игра на позиција крилен центар и во моментов игра за Макаби Тел Авив.
Кариера Откако поминал две сезони на Универзитетот во Аризона, Вилијамс отишол во драфтот во НБА лигата во 2011 годинаDerrick Williams Declares for NBA Draft – University of Arizona Wildcats Official Athletic Site . Arizonawildcats.com (April 13, 2011). Retrieved on 2012-07-09. каде бил избран за втор избор од Минесота Тимбервулвс . Во својата прва сезона во НБА, тој бил избран во втора идеална постава на дебитантите во НБА . Во втората сезона, тој обезбедил најдобра статистика во НБА, запишувајќи просек од 12 бода и пет скока на 72 одиграни натпревари. Во сезоната 2013/14 се заменил во Сакраменто Кингс. Поминал помалку од две сезони во Сакраменто, каде претежно влегувал во игра надвор од клупата и постигнувал околу 8 бода по натпревар.
Во сезоната 2015/16 година, како играч на Њујорк Никс, тој се појавил на 80 натпревари, во просек од 9,3 бода по натпревар. После тоа, тој кратко време бил во Мајами Хит и Кливленд Кавалирс и го имал последното учество во НБА лигата во Лос Анџелес Лејкерс, каде одиграл само два натпревари. Во седум сезони во НБА лигата, тој се појавил на 428 натпревари во редовна сезона и во просек имал 8,9 бода и 4 скока.
За време на сезоната 2017/18 тој исто така играл во Кина за тимот на Тијанџин, каде просечно имал повеќе од 20 бода по натпревар. На почетокот на октомври 2018 година, тој за првпат пристигнувал во европската кошарка и потпишувал за Баерн Минхен со тренерот Дејан Радоњиќ . Во својата прва сезона во Евролигата, тој забележал 13,4 бода и 4,2 бода на 29 одиграни натпревари. Тој е со тимот од Минхен во сезоната 2018/19 ја освоил Бундеслигата на Германија . Во јули 2019 година поминува во Фенербахче.
Успеси
Клуб
Баерн Минхен : Германско првенство (1): 2018/19.
Поединечни
Идеален тим за дебитанти во НБА - второ место : 2011/12.
Наводи
Надворешни врски
Профил на мрежната страница на Евролигата
Категорија:Играчи на Мајами Хит Категорија:Играчи на Кливленд Кавалирс Категорија:Американски кошаркари Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе