Лудијас (, до 1951 г. Νέα Ζωή, Неја Зои) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 789 жители (2011). Ова село не традиционално, туку претставува новосоздадена населба на грчки доселеници.

Географија Селото се наоѓа јужно од Зорбатово, 8 км западно од Илиџиево и 43 км западно од Солун. Лежи во областа Вардарија во Солунското Поле, на северниот брег на река Колудеј.

Историја Селото е основано како место за грчки доселеници од Турција во 1939 г. на местото на ослободеното плодно земјиште при исцедувањето на Ениџевардарското Езеро. При неговото создавање, наречено е Неја Зои, што во превод значи „нов живот“. Населението било од Понд, Кавказ, Тракија и Мала Азија, кое овде се префрлило од првично создадените Елевтерохори и Метони, како и од колонизираните традиционални села Јалиџик и Бугариево. Во 1940 г. Лудијас имал 804 жители, сите грчки дојденици.

Во 1951 г. населението се зголемило на 991 жител, а селото е преименувано во Лудијас, што е грчкото име на месната река Колудеј. На пописот од 1961 г. бројот на жители достигнал 1.222, за да опадне на 929 во 1971, 907 во 1981 г. Во 1991 г. е забележан пораст на 948 лица, кои во 2001 г. се зголемиле на 973, но во 2011 г. опаднало на 795 жители.

Население

Стопанство Селото важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и други земојделски култури. Многумина работат во блиските претпријатија „Захарис“, „ЕЛВИЗ“ и „Нестле“.

Поврзано Вардарија

Наводи

Категорија:Илиџиево