Свети Ѓорѓи — главна селска и средновековна црква во охридското село Речица. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.

Историја

Црквата потекнува од 1370 година. Се верува дека била изградена на темели од постара црква.

Архитектура Фрескоживопис

Според стручните истражувања врз црквата, фрескоживописот во внатрешноста на црквата потекнува од втората половина на XIV век. Истиот бил изработен од зографи од школата на зографот Јован Теоријан од Охрид.

Галерија

Поврзано Речица Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Речица (Охридско) Речица