Рудник (, Анаргири; до 1928 г. Ρούδνικ, РудникΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούδνικ -- Ανάργυροι) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 452 жители (2011). Пред Балканските војни Македонците во селото сочинувале мнозинство, додека денес тие се една третина од жителите.

Географија Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, дваесетина километри југозападно од Суровичево и уште толку северозападно од Кајлари. Лежи на источниот брег на Рудничкото Езеро.

Историја Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери на христијанското население во Леринскиот вилает од 1626/27 г. се вели дека Рудник се состоел од 68 христијански домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333

Во XIX век Рудник било големо македонско-турско село и седиште на Рудничката нахија во Леринската Каза. Поради проширувањето Рудничкото Езеро и заблатувањето на површините околу селото, нахиското седиште е преместено во Суровичево и Рудник постепенно опаднал. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рудник (Roudnik) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства, од кои с 12 жители муслимани и 365 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 96-97.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Рудник:

Некаде помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1 Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудник имал 160 жители Македонци и 50 жители Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 251. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 160 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. Во овој период Боривое Милоевиќ го посетил селото и попишал 14 македонски и 7 турски куќи.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудник се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 32 куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 133. Во 1924 г. властите ги иселиле малубројните турски семејства во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место довеле поголем број грчки семејства од Северен Епир во Албанија. Во 1928 г. бил македонско-дојденска населба со 341 жител, од кои 214 лица (60 семејства) биле грчки дојденци. Истата година е преименувано во Анаргири, што значи „Бессребреници“.

Во текот на 1960-тите дел од жителите се преселиле во градот Кајлари.

Население

Стопанство Бидејќи лежи во полето на Сариѓол, селото е доста богато. Се произведуваат големи количества тутун, детелина и жито.

Личности Киријаз Георгиев — борец во Балканските војни од четата на Пандил Шишков„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 157.

Поврзано Сариѓол Рудничко Езеро

Наводи

Категорија:Суровичево