Франц Дофлајн (5 април 1873, Париз – 24 август 1924) бил германски зоолог познат по своите студии од анималната екологија.
Животопис Студирал на Универзитетот во Минхен, каде влијание врз него извршил Ричард Хертвиг. Во 1895-1896 работел како помошен асистент на Александар Гете, по што ги истражувал болестите на рибите во Минхен како асистент на Бруно Хофер. Во 1898 учествувал на студиско патување во Западните Инди, Мексико и Калифорнија.
За време на Првата светска војна, бил еден од најзначајните членови на т.н. 'Македонска земска комисија', составена од 30 Германци и шестмина Бугари, која имала задача за време на војната да ја истражува и проучува Македонија.
Категорија:Германски микробиолози Категорија:Германски зоолози Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Апсолвенти на Стразбуршкиот универзитет