Нова Каликратија (, Неја Каликратија) — гратче во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Нова Пропонтида на Халкидичкиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 7.238 жители (2011). Основано е од грчки дојденци во 1920-тите.
Географија Гратчето е сместено во западниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на брегот на Солунскиот Залив
Историја мини|лево|Надгробна стела од Нова Каликратија. Во подрачјето на гратчето е откриена населба од праисториско време. Местото уживало просперитет во македонската држава, за што сведочи Новокаликратиската надгробна стела. Стелата датира од 440 г. п.н.е. и денес е изложена во Солунскиот археолошки музеј како најстариот и најважниот древномакедонски релјеф.
Во византиско време на местото на Нова Каликратија било подрачје со земјоделски поседи под името Стомио кои му припаѓале на манастирот Ксенофонт.
На 1 км северозападно е византиската црква „Св. Трифун“.
Нова Каликратија е основана во 1922 г. од грчки дојденци од источнотракиското гратче Каликратија, кое денес го носи името Мимарсинан и е предградие на Истанбул.
Население
Стопанство
Поврзано Халкидик
Наводи
Надворешни врски Портал на Каликратија
Категорија:Нова Пропонтида