Чифлик — населба од доцноантичкото време. На околу 300 метри јужно од селото Раштак, во нивите на С. Георгиевски, кои зафаќаат простор од 3 хектара, се среќава изобилство од градежен материјал (камен, тули, покривни ќерамиди), но и многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и други наоди од кои голем дел има собрано сопственикот на нивата. За одбележување се неколкуте римски царски монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Наводи
Категорија:Раштак