Едуарда Идалина Аморим Талеска (родена на 23 септември 1986 г., во Блуменау)EHF profile е бразилска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ѓер Ауди ЕТО и за бразилската репрезентација.
Таа била избрана за Најдобра ракометарка на светот за 2014 годинаKarabatic and Amorim – Grundfos World Handball Players of the Year . ihf.info (25 February 2015) од страна на ИХФ.
Животопис Едуарда Аморим е роден на 23 септември 1986 во Блуменау, Санта Катарина, Бразил, како ќерка на Антонио и Оливија Аморим. Таа е помала сестра на Ана Аморим, која исто така била ракометарка.
Од 2013 година Едуарда е во брак со Македонецот Деан Талески.
Кариера Клупска кариера Охрабрена од нејзината постара сестра, Аморим започнала да игра ракомет на 11-годишна возраст во Колехио Рио Бранко. Во 2002 година таа се преселила во Методиста/Сао Бернардо, по покана на Силвио Родригес, која ја забележал за време на младинските натпревари во Ресифе. Во првата сезона со новиот тим таа го освоила второто место во бразилското првенство.
Две години подоцна, како играч на УСКС/Сао Каетано, Аморим го освоила државното првенство на Саун Пауло и забележала огромен број на натпревари, бидејќи играла паралелно за младинската, јуниорската и сениорската екипа.
Во февруари 2006 таа се преселила во Европа, придружувајќи и се на нејзината сестра во македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров. Во три и пол сезони со Кометал, Аморим освоила три шампионски титули во македонското првенство и три купа, а дебитирала и во натпреварите од Лигата на шампионите. Сепак, откако клубот се соочил со тешки финансиски проблеми тие пуштиле некои од нивните клучни играчи да си одат, меѓу кои била и Аморим, за да ги намалат трошоците.
На 23 февруари 2009, Аморим потпишала за унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО. Во 2013 година, со овој клуб ја освоила својата прва титула во кариерата во Лигата на шампионите.Györ end their final curse eurohandball.com
Во 2014 година, по освојувањето на уште една титула во Лигата на шампионите и на Светското првенство 2013, таа била избрана од ИХФ за Најдобра ракометарка на светот. Таа станала само втората бразилка, по Александра до Насименто во 2012, која ја освоила оваа награда. Во последните години во Ѓер таа се истакнала посебно по својата одлична игра во одбраната со што била клуч на успесите на унгарската екипа во Лигата на шампионите. За нејзините добри игри во одбраната сведочи и признанието за најдобар одбранбен играч во Лигата на шампионите кое таа го добила трипати досега (во сезоните 2015-2016, 2016–2017 и 2018–2019).
Вкупно до денес Аморим со Ѓер има освоени 9 титули во унагрското првенство (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019), 9 титули во Купот на Унгарија (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019) и 5 во Лигата на шампионите (2012-2013, 2013-2014, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019).
Репрезентативна кариера Аморим била дел од бразилската репрезентација на Панамерикански игри 2007 година, кои се одржале на домашна почва и на кој Бразил го освоил златниот медал. Таа исто така учествувала на Летните олимписки игри 2008 во Кина, каде бразилскиот тим завршил на деветтото место, и на Летните олимписки игри 2012, каде Бразил завршил на шестото место. Во 2013 година, таа со бразилската репрезентација го освоила Светското првенство и била избрана за МВП на турнирот. Во 2016 година, таа учествувала и на Летните олимписки игри на домашен терен во Рио де Жанеиро, каде бразилките го освоиле петтото место.
Титули
Клупски Кометал Ѓорче Петров Македонско првенство : 4 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009 Куп на Македонија : 4 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009
Ѓер Унгарско првенство : 9 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019 Куп на Унгарија : 9 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019 Лига на шампиони : 5 2012-2013, 2013-2014, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
Репрезентативни Бразил Светско првенство : 1 2013 Панамерикански игри : 3 2007, 2011, 2017
Поединечни Ол-стар лев бек на јуниорско Светско првенство : 2005 МВП на Светско првенство : 2013 Ол-стар лев бек на Лигата на шампионите: 2013-2014 ИХФ Играч на годината: 2014 Најдобра странска ракометарка на годината во унгарското првенство: 2014 Одбранбен играч на сезоната во Лигата на шампионите: 2015-2016, 2016–2017, 2018–2019
thumb|right|Аморим со златниот медал освоен на Светското првенство 2013.
Наводи
Надворешни врски
Профил на eurohandball
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски ракометарки Категорија:Ракометарки на Ѓорче Петров Категорија:Ракометарки на Ѓер