Вроштани или Врождани (, Агии Анаргири; до 1927 г. Βρόστιανη, ВростјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρόστιανη -- Άγιοι Ανάργυροι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 16 жители (2021).
Географија Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи 30-ина километри југозападно од Лапчишта и околу 25 км северозападно од Цотил. На запад се граничи со селото Драмишта, а на југ со Костанско.
Историја Во Отоманското Царство Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Вроштани било муслиманско гркојазично село во Населичката Каза.
Вроштани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.
Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Вроштани (Βρόστιανη) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Во Грција мини|десно|250п|Валахади во Вроштани во 1923 г., непосредно пред нивното иселување во Турција. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот истата година се заведени 279 жители. кои во 1920 г. биле 286.
Кон средината на 1920-тите жителите на селото како муслимани се иселени Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки доселеници од Понд. Во 1928 г. Вроштани е заведено како наполно дојденско село со 182 жители (46 семејства).
Во 1940 г. населението на Вроштани броело 286 жители, но во 1960-тите населението драстично се намалило поради масовното преселување во градовите. Ова намалување продолжило и понтаму, до денешен ден.
Во 1927 г. македонското име е сменето во Агии Анаргири (што значи Свети Бессребреници).
Население
Стопанство Населението одгледува жито, компири, тутун и др. Делумно е застапено и сточарството.
Поврзано Населица Горуша
Наводи
Категорија:Горуша (општина)