Еставана Полман е холандска ракометарка, лев бек на Тим Есбјерг и на холандската репрезентација.

Кариера Клупска кариера Полман започнала да игра ракомет во екипата на ААК Арнем 1899 во нејзиниот роден град Арнем. Во 2010 година таа му се приклучила на тогашниот холандски шампион ВОК Амстердам, меѓутоа не успеала да му помогне на клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона, завршувајќи како втори со бод помалку од шампионот Далфсен. По една сезона, Полман го напуштила ВОК и се преселила во Данска каде го имала своето прво искуство во странство потпишувајќи за екипата на Сендерјуск. Во првата сезона таа му помогнала на својот клуб да избори промоција во данската прва лига. По нејзината втора сезона во Сендерјуске, таа го напуштила клубот и заминала во Есбјерг, каде потпишала за екипата на Тим Есбјерг. Во сезоната 2014-2015, клубот стигнал до финалето на плејофот на данската лига во кое сепак ја загубиле титулата од Мидтјиланд. Сепак, веќе во следната сезона, клубот станал шампион на Данска за првпат во својата историја. Во финалето тие одново се сретнале со Мидтјиланд и му се одмаздиле за поразот од пред година дена. Следната сезона, Полман дебитирала во Лигата на шампионите постигнувајќи 30 гола за својот тим, а Тим Есбјерг го завршил натпреварувањето во главната фаза. Во сезоната 2018-2019, Полман со Тим Есбјерг по вторпат станала шампион на Данска.

Репрезентативна кариера Своето деби за холандската репрезентација Полман го направила во 2010 година. Со својата репрезентација учествувала на пет светски првенства (2011, 2013, 2015, 2017 и 2019), а најголемиот успех Холанѓанките го имале на првенството во 2015 на кое стигнале до финалето каде загубиле од Норвешка. Таа исто така има учествувано за Холандија и на три европски првенства од каде има еден сребрен медал (во 2016) и еден бронзен медал (во 2018). Во март 2016, на квалификацискиот олимписки турнир одржан во Мец, Франција, Полман и нејзините соиграчки го обезбедиле историското прво учество на Олимписките игри за холандскиот женски ракомет. На турнирот тие го освоиле четвртото место, забележувајќи уште еден пораз од Норвешка во натпреварот за бронзата.

Титули Клупски Тим Есбјерг Данско првенство : 2 2015-2016, 2018-2019

Репрезентативни Светско првенство: 15px|Златен медал Златен медал: 2019 15px|Сребрен медал Сребрен медал: 2015 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2017 Европско првенство: 13px|Сребрен медал Сребрен медал: 2016 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2018

Поединечни Ол-стар среден бек на Европското првенство за жени под 19 години: 2011 Најдобар стрелец на данското првенство: 2013, 2014, 2019 Ол-стар лев бек на данското првенство: 2019 МВП на Светско првенство: 2019 Ол-стар среден бек на Светско првенство: 2019

Надворешни врски

Еставана Полман на eurohandball Еставана Полман на sports-reference

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски ракометарки