thumb|250п|right|Рапторси играат против Филаделфија Севентисиксерс во 2005та. thumb|250п|right|Меч меѓу Торонто Рапторс и Денвер Нагетс на 10 март 2006. thumb|250п|right|Рапторси се загреваат пред меч против Јута Џез во 2006/2007 сезона.

Торонто Репторс () е единствениот канадски тим во Националната Кошаркарска Асоцијација, сместн во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот е формиран во 1994 од стопанственикот Џон Битов Помладиот, Македонец со потекло од Габреш, Костурско. како дел од проширувањето на НБА во Канадските градови Торонто и Ванкувер. Во 2001, Ванкувер Гризлис се преселија во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто единствен канадски тим во НБА. Најголемо достигнување на тимот беше стигнувањето во полуфиналето на Источната конференција во 2001. Прва звезда на тимот беше Винс Картер, познат за неговите воздишнувачки забивања. Во сезоната 2006-2007 главен тренер беше Сем Мичел, а најголема ѕвезда во екипата беше Крис Бош.

Сезона 2006/2007 Сезоната 2006/2007 беше стандардна бајка-сезона, започнувајки со слаби играчи во пред-сезоната, земање на многу нови играчи од страна на менаџерот Брајан Коланџело, кој го драфтува и младиот Италијанец Андреа Барњани.„Raptors re-sign star forward Chris Bosh to contract extension“, nba.com, 14 јули 2006, проверено на 9 мај 2011. „Репторси“ во оваа сезона го изедначија победничкиот рекорд на тимот на сите времиња со 47 победи и 35 порази. На чело со Крис Бош, поддржан од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани.„Raptors Name Gherardini To Basketball Staff“, nba.com/raptors, 22 јуни 2006, проверено на 17 јуни 2007. За првпат во 5 години, Рапторс го освоија 3. место во Источната конференција, а играа во разигрувањето на НБА, каде што беа поразени од Њу Џерси Нетс 4-2 во серија до 4 добиени, во првата рунда на разигрувањето.

Сезона 2007/2008 „Рапторси“ во оваа сезона станаа послаби наместо подобри, и собраа биланс на 41 победа и 41 пораз. Ова се атрибуираше на неиграњето на Хорхе Гарбахоза и слабата сезона на првиот пик на драфтот Андреа Барњани. Сепак, се изборија за 6то место во истокот, и играа во разигрувањето на НБА, каде што пак беа поразени во првата рунда на разигрувањето, од Орландо Меџик со 4-1 во серија до 4 добиени.

Составот во 2007/2008 Име Роден Држава Височина ПозицијаАндреа Барњани 1985 213 cm крило/центарМасео Бастон 1975 208 cm крилоКрис Бош 1984 208 cm крило/центарПримож Брезец 1979 216 cm бекХорхе Гарбахоса 1977 206 cm крилоЏои Грахам 1982 201 cm крилоКарлос Делфино 1982 198 cm крилоХосе Калдерон 1981 191 cm бекЏејсон Капоно 1981 203 cm крилоДерек Мартин 1971 180 cm бекЏамарио Мун 1980 203 cm крилоРадослав Нестеровиќ 1976 213 cm центарЕнтони Паркер 1975 198 cm крилоТ.Џ. Форд 1983 177 cm бекКрис Хамфрис 1985 206 cm крило/центар

Сезона 2008/2009 Летото 2008, така-наречена оф-сезона, започна со голема размена со Индијана Пејсерс. Торонто ги доби Џермејн О'Нил и младиот Австралијанец Нејтан Џовеј, а ги даде Т.Џ. Форд, Рашо Нестеровиќ, Матео Бастон и младиот Рој Хиберт. Карлос Делфино го напушти тимот како слободен агент, и покрај многу гласини дека се сели во Грција, Ентони Перкер остана во Торонто. Исто така, Примож Брезец и Дерик Мартин заминаа како „слободни агенти“.

Составот во 2008/2009 Име Роден Држава Височина ПозицијаХасан Адамс 1984 193 cm бек/крилоАндреа Барњани 1985 213 cm крилен центарКрис Бош 1984 208 cm крилен центарЏои Греам 1982 201 cm крилоХосе Калдерон 1981 191 cm бекЏејсон Капоно 1981 203 cm крилоЏамарио Мун 1980 203 cm крилоЏермејн О'Нил 1978 211 cm центарАнтони Паркер 1975 198 cm крилоВил Соломон 1978 188 cm бекРоко Укиќ 1985 198 cm плејмејкерКрис Хамфрис 1985 206 cm крилен центарНејтан Џовеј 1986 208 cm центар

Наводи

Надворешни врски

Официјалната страница на екипата Торонто Репторс на basketball-reference.com Блог на Торонто Репторс

Категорија:Клубови во НБА *