Владимир Ендровски (, - , ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис Владимир Ендровски е роден на 18 април 1963 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991 година. Тој бил вработен во Македонскиот народен театар во 1993 година, каде работел се до неговата прерана смрт во 2023 година.„Владимир Ендровски “. Македонски народен театар.

Театрографија Ѓубреџија — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987; Далавера змеј — „Рекламна бајка“ од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ, 1989; Трговец, Дромио од Сиракуза — „Забуни“ од Вилијам Шекспир, р. Димитрие Османли, МНТ, 1989; Зевас — „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци - Скопје, 1990; Вториот момок, Уплавот, Мајстор за оружје — „Мир“ од Аристофан, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1993; Целе Бумба — „Женски прилог за ноќта“ од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1993; Манилов — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994; Борис — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994; Јован Ангел — „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995; Спасе — „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995; д-р Алојзие Зилбербрант — „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1996; Макро, Проповедник — „Едмонд“ од Дејвид Мемет, р. Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, МНТ, 1997; Младичот, Непознатиот — „Маме му ебам кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 1997; Брајан — „Шопинг анд факинг“ од Марк Рејнхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998; Антоан — „Мисија“ од Хајнер Милер, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1998; Ботар — „Носорог“ од Ежен Јонеско, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1999; Арнолд Кримп, Криминалец, Психопат — „Бетмен враќањето на црниот витез“ од Кристијан Ристевски, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1999; Капетан Лебјаткин — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001; Првиот крадец — „Павилјони“ од Милена Марковиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2001; Трајан, Богдан, Дуко — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001; Ристе, Бале — „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2002; „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2003; Булдог — „Доле влада“ од Сашко Насв, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004; Гласот, “Марисол” од Хозе Ривера, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје, 2004; „Хамлет во транзиција“ од Светислав Басара, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004; Вадиус — „Една вечер со ...“ од Жан Батист Молиер, р. Деан Дамјановски, МНТ, 2006; „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006; „Комшилук наопаку“ од Нина Митровиќ, р. Ненни Делместре, Драмски театар – Скопје, 2007; „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010; Алексеј Кирилов — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011; „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013.

Филмографија Чарли — „Пикасо“, ТВ-филм, 1987; „Марика лета со авион“, ТВ-филм, 1988; "Последната Македонска елегија", ТВ-филм р. Драган Велјановски, 1992; Трајче — „Пред дождот“, р. Милчо Манчевски, 1994; "Ангели на отпад", ТВ-филм р. Димитрие Османли, 1995; Доре — „Преку езерото“, р. Антонио Митиќевски, 1997; Безимениот — „Збогум на 20-тиот век“, р. Дарко Митревски, Александар Поповски, 1998; „Глас“, ТВ-филм р. Филип Апостолски, 2000; Човекот — „Куклена претстава“, ТВ-филм р. Александар Русјаков, 2000; "Мајка Тереза", ТВ-филм р. Драган Велјановски, 2000; Андарт — „Прашина“, р. Милчо Манчевски, 2001; Вториот истражувач — „Големата вода“, р. Иво Трајков, 2004; Стипе Прикачин — „Бал-кан-кан“, р. Дарко Митревски, 2005; Затвореникот Варден — „Контакт“, р. Сергеј Станојковски, 2005; „Самитот на Шаманите“, р. Александар Станкоски, 2006; Гостин — „Тајната книга“, р. Владо Цветановски, 2006; Коки Лабуд — „Некои други приказни, сегмент: Македонска приказна“, р. Марија Џиџева, 2010: Трајче — „Кајмак“ р. Милчо Манчевски, 2022.

Телевизиски серии Дино — „Трст виа Скопје“, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1990; „Еурека“, 2 епизоди, 1991. Зевас — "Чудовиштата во нашиот град", р. Коле Ангеловски, 1992. "Последната македонска елегија", р. Драган Велјановски, 1992. Реџеп — "Наше маало", Светозар Ристевски, 2002. Психијатар — "Од денес за утре", Иво Лауренчиќ, 2010. Селанец — "Тврдокорни", р. Миле Грозданоски, 2013. "Бистра вода" р. Јани Бојаџи, 2023.

Награди Награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско глумечко остварување во ТВ серијата „Трст виа Скопје“ во режија на Богдан Поп Ѓорчев, 1990. Награда за млад актер „Трајко Чоревски на МТФ „[Војдан Чернодрински“ за претставата „Мртви души“ во режија на Владимир Милчин (1994)

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Владимир Ендровски , Македонски народен театар

Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје