Велгошки манастир „Св. Петка“ — манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Велгошти.

Местоположба

Манастирот се наоѓа над селото Велгошти. До неговите порти води асфалтиран пат.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, помошни објекти и трпезарија.

Црква „Св. Петка“

Црквата била подигната во 1890 година и истата била значително обновена во 1922 година. За истата се верува дека е подигната на темели на пештерна црква.

Други објекти

Во манастирот се изградени конаци и други помошни објекти.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Велгошти Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Дебарско-кичевската епархија