РК Стеауа Букурешт е машки ракометен клуб од Букурешт, Романија. Моментално се натпреварува во Лига Национала. Како ракометна секција клубот е дел од спортското друштво Стеауа Букурешт.
РК Стеауа Букурешт е основан во 1958 година и до денес е најуспешниот романски клуб со рекордни 28 првенствени титули и 9 купа. Покрај тоа, Стеауа е еден од двата романски клубови кој биле европски шампиони, триумфирајќи во стариот Куп на европските шампиони дури двапати во сезоните 1967-1968 и 1976-1977. Во 2006 година тие го освоиле и Челеџ купот.
Традиционално Стеауа игра во пругасти црвено-сини дресови и црвени шорцеви. Клубот има големо соперништво со Динамо Букурешт со кого играат градско дерби познато како Дербито на Букурешт.
Титули Лига Национала : 28 (рекорд) Шампион : 1962–63, 1966–67, 1967–68, 1968–69, 1969–70, 1970–71, 1971–72, 1972–73, 1973–74, 1974–75, 1975–76, 1976–77, 1978–79, 1979–80, 1980–81, 1981–82, 1982–83, 1983–84, 1984–85, 1986–87, 1987–88, 1988–89, 1989–90, 1993–94, 1995–96, 1999–00, 2000–01, 2007–08 Вицешампион : 1961–62, 1963–64, 1964–65, 1965–66, 1977–78, 1985–86, 1996–97, 1998–99, 2006–07, 2017–18 Куп на Романија : 9 Шампион : 1980–81, 1984–85, 1989–90, 1996–97, 1999–00, 2000–01, 2006–07, 2007–08, 2008–09 Финалист : 1977–78, 1978–79, 1981–82, 1988–89, 1990–91, 1998–99, 2002–03, 2015–16, 2018–19 Лига на шампиони : 2 Шампион : 1967–68, 1976–77 Финалист : 1970-71, 1988-89 ЕХФ Челеџ купот : 1 Шампион : 2005-06
Играчи Моментален состав Состав за сезоната 2019–2020
Голмани Тудор Станеску Александру Букатару Крила Десни крила Андреј Михалчеа Јонуц Георгеску Сергиу Олару Леви крила Габриел Флореа Алин Рошу Пикери Немања Грбовиќ Мартин Јохансон
Бекови Леви бекови Крсто Милошевиќ Гиљерме Валадао Гама Габриел Бурлаку Средни бекови Мариус Ставроситу Никола Кеџо Жоао Педро Силва Валентин Иванценко Десни бекови Хавиер Хумет Самвел Асланјан Александру Капацина
Надворешни врски Официјална страна на клубот РК Стеуа Букурешт на eurohandball.com
Стеауа Букурешт