Крстоарски манастир — манастир во битолското село Крстоар.
Местоположба
Манастирот се наоѓа еден километар југозападно над селото Крстоар и околу шест километри од Битола. До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.
Историја
Манастирот всушност е изграден на местото на старото село Крстоар, кое се наоѓа на 1 километар западно од денешното село, во месноста Габавци. Тоа мало село било напуштено кон крајот на век. Поради тоа, манастирот го дал името на селото.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Христофор“
Црквата во манастирот е подигната во 1837 година, а била обновена во 1926 година. Таа е еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови во наосот од запад и север, а има и директен пристап во олтарниот простор од југоисток.
Над северниот влез е поставена мермерна плоча со кратка историја за храмот. На западниот влез е насликан медалјон со Св. Христофер кој го држи малиот Христос на рамо.
Конаци Посебна градба во кругот на манастирот служела како конак.
За време на Првата светска војна во манастирот биле сместени трупи од војската на Антантата.
Чешма
Во непосредна близина на црквата, на северна страна, се наоѓа чешма.
Параклиси
Во дворот на манастирот се наоѓаат два мали параклиса, „Св. Петка“ и „Св. Теодор Тирон“.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Крстоар Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво Категорија:Споменици на културата во Македонија