„Не тагувај бронзена стражо“ (српски: Ne tuguj bronzana stražo) – роман на српскиот писател Бранко Ќопиќ од 1958 година.
Содржина Глава I – XVI: Јован (Јовандека) Бабиќ е стар човек од едно планинско село во Босна, поранешен партизан. По повикот на претседателот на селскиот одбор за колонизација на Банат, во потрага по подобар живот, Јовандека се мачи размислувајќи дали да остане во родниот крај или да замине. Сепак, еден ден, заедно со сопругата, со побратимот Станко Веселица и со дел од селаните, тој се качува во возот за Банат. Таму, селаните пристигнуваат во едно село и се вселуваат во домовите на иселените Германци, чудејќи се на бескрајната рамнина, на пространите куќи и штали и на плодните ниви. Додека сите се збунети и тажни поради напуштањето на родниот крај, само убавецот Миле Бањац е задоволен од промената во животот.Branko Ćopić, Ne tuguj bronzana stražo. Sarajevo: Svjetlost, 1960, стр. 5-72. Глава XVII – XXXVI: Доселениците не се откажуваат од своите животни навики, но истовремено почнуваат и да се приспособуваат на новите услови. Притоа, тие не се задоволни од името на селото (Старо Корито) кое го менуваат во Бурсаќево, според народниот херој од нивниот стар крај, Николетина Бурсаќ. Сопругата на Миле Бањац, Марушка (наречена Волчица) е незадоволна поради неговото скитање поради кое таа постојано е осамена. Од друга страна, и покрај добиената земја, Станко Веселица е тажен и копнее по стариот крај и по минатото. По долга расправа со родниот крај, во селото поставуваат споменик на народниот херој Николетина Бурсаќ кого селаните го сметаат за свој, а мајка му Марија тагува по него. Миле Бањац има бројни љубовни авантури, но по врската со Нада тој се чувствува поразен и празен, зашто првпат се соочува со жена која не може да ја контролира. Вучица е очајна и се зближува со соседот Стојан Глогињар.Branko Ćopić, Ne tuguj bronzana stražo. Sarajevo: Svjetlost, 1960, стр. 72-155. Глава XXXVII – XLIV: Миле Бањац продолжува да се измачува поради однесувањето на Нада и својата немоќ да ја врзе за себе ја изразува така што почнува да раскажува наоколу за врската со неа. Една ноќ, тој е сведок на нејзината љубовна средба со друг човек и тоа предизвикува целосно разочарување од жените. При една посета на неговиот дом, Марушка води љубов со Стојан Глогињар, кој ја кани да се пресели кај него. Јовандека се разболува и набрзо умира, мислејќи на родниот крај и на својата голема љубов од младоста, Цвета. Во една прилика, кога Нада е нападната во јавноста, Миле Бањац застанува во нејзина одбрана, а во знак на благодарност, таа води љубов со него, но истовремено му соопштува дека не може да се развие сериозна врска меѓу нив. Марушка, пак, го известува за својата одлука да го напушти и се преселува кај Стојан Глогињар. Така, таа продолжува да живее среќно со Стојан, а Миле останува осамен и тажен, напуштен од сите жени.Branko Ćopić, Ne tuguj bronzana stražo. Sarajevo: Svjetlost, 1960, стр. 155-188.
За делото Во книгата Ќопиќ го прикажува своите планинци кои се доселени во Банат по Втората светска војна. Основата на романот ја сочинува контрастот меѓу она што го донеле колонистите со себе и она што го нашле во новата средина, како и долгиот интимен судир меѓу различните средини, обичаи и навики. Писателот со топлина и со благ хумор раскажува за доживувањата на неговите јуанци кои се присутни и во претходните негови дела, воведувајќи само некој нов лик.Branko Ćopić, Ne tuguj bronzana stražo. Sarajevo: Svjetlost, 1960.
Наводи
Категорија:Дела на Бранко Ќопиќ Категорија:Српски романи Категорија:Југословенски романи Категорија:Книги од 1958 година Категорија:Романи на српски јазик Категорија:Романи наградени со НИН-овата награда