Дулајските јазици се подруга на кушитските јазици од групата на афроазиски јазици. Јазиците се зборуваат во Етиопија, во Регионот на јужните нации, народности и народи. Овие јазици сочинуваат дијалектен континуум, што значи еден со друг се многу слични.
Класификација Поради тоа има и разлики при нивната внатрешна класификација. Со поголема сигурност утврдено е дека оваа група е составена од алејскиот и цамајскиот јазик. Разлики во однос на класификацијата постојат кај останатите дијалекти или јазици. Така на пример, според БленчRoger Blench, 2006. The Afro-Asiatic Languages: Classification and Reference List (ms) јазичните варијанти кои некои ги сметаат за дијалекти, тој ги класифицира како независни јазици, односно: добасејски јазик (дијалект на алејскиот), дихинански јазик (дијалект на алејскиот), габански јазик (дијалект на алејскиот), гергерејски јазик (дијалект на алејскиот), голангоански јазик (дијалект на алејскиот), горосејски јазик (дијалект на алејскиот) и харсоански јазик (дијалект на алејскиот).
Наводи
Литература Gunter Minker, Herrmann Amborn, Hans-Jürgen Sasse: Das Dullay: Materialien zu einer ostkuschitischen Sprachgruppe, Dietrich Reimer Verlag, Berlin 1980, (German) Mauro Tosco: Gawwada Morphology, in: Alan S. Kaye (ed.): Morphologies of Asia and Africa, 2007,
Надворешни врски Кушитски јазици, со приказ на дулајските јазици.