Свети Никола — понова селска црква во охридското село Пештани.
Местоположба
Црквата е сместена во средишниот дел на селото Пештани, веднаш до трафостаницата. Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум.
Историја
По 1995 година била откриена основата на средишниот дел на црквата, која продолжува под новоизградената трафостаница. На ова место биле остатоците на некогашната џамија во селото, која го опслужувала поранешното муслиманското малцинство во селото. Таа пак, била изградена на основа на старата средковековна црква „Св. Никола“. Северно од овие остатоци се наоѓаат гробни конструкции. Според некои написи, откриената црква потекнува од 1505 година.
Црквата започнала да се обновува на 19 мај 2007 година, кога бил поставен камен-темелникот врз старите темели од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата е фрескоживописана.
Иконостас
Црквата поседува иконостас.
Галерија
Поврзано Пештани Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Пештанска парохија
Наводи
Надворешни врски
Пештани Пештани