Свети Архангел Михаил — параклис во селото Ропотово. Сместен е на влезот од селото, од левата страна на патот кој води од Македонски Брод.
Историја Камен-темелник за изградба на параклисот бил поставен на 17 јуни 2008 година.„Ропотово “. OldPrilep. 10 декември 2012.
Архитектура Градбата на параклисот претставува крстокуполен храм со кружна купола, полукружна апсида на источната страна и две полукружни крила на северната и јужната страна. Влезот е сместен на западната страна и пред него има натстрешница. Над натстрешницата има полукружна ниша со фреска на којашто е прикажан Архангел Михаил. Куполата содржи четири монофори распоредени во круг. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Троица“ - Ропотово Црква „Св. Атанасиј“ - Ропотово Ропотовски манастир Ропотово Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Ропотовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ропотово Ропотово