Тур Даун Андер 2020 — 22. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 21 и 26 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.

Екипи

Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Екипата на Универзитетот на Јужна Австралија добила специјална покана за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи.

Рута

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Завршен пласман

Поредок

На Тур Даун Андер 2020 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ќе ја добие охра маичката. Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2020 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со сина маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработувал 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така можеле да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала точкестата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1995 година можеле да учествуваат во пласманот. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време. Дополнително, постоела награда за борбеност која се доделувала по етапата на возачот кој од страна на жири се сметал за „најборбен“. Победникот на наградата наредната етапа го носел црвениот број.

Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возачНајборбен возачЕкипен пласман 1 Сем Бенет Сем Бенет Џарад Дризнерс Сем Бенет Јаспер Филипсен Џои Роскопф 2 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Џои Роскопф Јаспер Филипсен Лауренс де Вресе 3 Ричи Порт Ричи Порт Дарил Импи Павел Сиваков Мајлс Скотсон 4 Кејлеб Јуан Јаспер Филипсен Лауренс де Вресе 5 Џакомо Ницоло Дарил Импи Мадс Педерсен 6 Метју Холмс Ричи Порт Лук Роу На крај Ричи Порт Џои Роскопф Јаспер Филипсен Павел Сиваков недоделена

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тур Даун Андер Категорија:Светска турнеја на UCI 2020 Категорија:Австралија во 2020 година