Горна џамија — џамија во селото Црнилиште. Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, поточно во Горно маало.

Архитектура Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и два ката. Покривниот дел содржи една голема осумаголна купола со полутопчест метален кров и уште три помали куполи. На секој агол од покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Џамијата има едно минаре коешто се издига над големата купола. Минарето е со многуаголна основа и има две шерефиња. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда и во него има шадрван.

Поврзано Долна џамија Црнилиште Прилепско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Црнилиште Категорија:Џамии во Општина Долнени Категорија:Џамии во Прилепското муфтиство