Небреговски манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Небрегово.
Историја Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква и пвиот дел од конакот во 1970 година.„Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово “. OldPrilep. 25 мај 2012.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и археолошко наоѓалиште.
Конак Манастирскиот конак се состои од два споени дела во јужниот и западниот дел од дворот на манастирот. Неговата изградба била поттикната од Пере Јончески и Миле Младеноски од селото Небрегово. Првиот дел од конакот бил изграден во 1970 година, а потоа неколкукратно бил доградуван и конечно бил довршен во 1992 година, кога и бил осветен. Западниот дел бил довршен во текот на 2010-тите години.
Црква „Свети Јован Крстител“
Црквата била изградена во 1970 година по барање на селскиот црковен одбор на место каде што во минатото се наоѓала постара црква. Темелите на новоизградената црква биле осветени на 17 мај 1992 година. Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна.
Археолошко наоѓалиште
Археолошкото наоѓалиште се наоѓа источно од манастирската црква, непосредно од десната страна на влезот од дворот на манастирот. На ова место се остатоци од базилика градена од кршен камен и варов малтер.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Небрегово Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија