Света Троица — главна селска црква во скопското село Чучер-Сандево.

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајот од стариот дел на некогашното село Чучер.

Историја

Историските податоци навестуваат дека црквата постоела многу одамна и дека била подигната од страна на српскиот крал Милутин, односно потекнува од крајот на век. Во 1856 година започнала изградба на целосно нова градба по иницијатива на селскиот учител Никодин. Сепак, низ времето, црквата останала целосно запустена и во 1938 година, таа мала стара градба била срушена и се започнала изградба на нов поголем храм. Меѓутоа со отпочнувањето на Втората светска војна, црквата не била довршена.

Архитектура

Старата црква била многу убава и повеќе од половина градба била сокриена во земја. За да се дошло до олтарот требало да се слегува по многу скалила.

Градбата на новиот храм е со големи димензии и солидна изработка.

Фрескоживопис

Според натписот кој стоел до влезната врата на старата црква, живописот во црквата бил завршен на 29 октомври 1856 година од страна на Дичо Зограф. Сепак, при најновите теренски истражувања овој податок не може да се потврди, бидејќи старата црква е целосно срушена и е започната градба на нов храм. Со тоа, живописот на Дичо е целосно уништен.

Иконостас

Кон крајот на 1856 година, Дичо Зограф ги изработил сите престолни икони и крстот над иконостасот.

За потребите на иконостасот ги изработил престолните икони Исус Христос Седржител, Богородица со Христос, Свети Јован Претеча, Свети Никола, Свети Атанасиј Александриски, Крунисување на Богородица, Свети Архангел Михаил, Свети Харалампиј и Света Петка.

Дичо, исто така, го изработил и крстот над иконостасот со Богородица, Свети Јован Крстител и Распетието Христово во средината.

Галерија

Поврзано Чучер-Сандево Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Чучер-Сандево Чучер-Сандево