Хасанагиница - југословенски филм од 1967 година, во режија на Миодраг Миќа Поповиќ. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Раде Марковиќ, Реља Башиќ, Растислав Јовиќ. Филмот е снимен по мотивите на истоимената народна песна.

Синопсис Пред подолго време, Хасанага го напуштил домот и заминува во воен поход, оставајќи ги дома жената Зејна (ја игра Дравиќ) со двете деца и старата слугинка. Во посета на Зејна доаѓа нејзиниот брат Мурат, жалејќи се дека водата му ја однела земјата и бара од сестрата пари за да купи нова земја од кадијата во Имотски (го игра Башиќ). Зејна нестрпливо го чека агата, но од сите страни трпи притисоци да се омажи за кадијата. Притоа, средбата со него станува фатален, зашто таа одвоена од децата. Најпосле, Зејна се согласува да се омажи за кадијата, но кога свадбената поворка минува низ селото, таа ги здогледува своите деца и умира од тага.РТС, Хасанагиница (пристапено на 1.2.2020)

Наводи

Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Раде Марковиќ Категорија:Филмови со Реља Башиќ Категорија:Филмови на Миќа Поповиќ Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Босна и Херцеговина