Света Троица – гробјанска црква во селото Долнени. Сместена е во крајниот северен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има празна полукружна ниша. На јужната и северната страна од храмот има по два прозорци. Од источниот ѕид над апсидата и од влезот се забележува дека објектот е изграден од тули.

Во дворот на црквата има трпезарија и во него се наоѓаат селските гробишта.

Галерија

Поврзано Црква „Вознесение Христово“ - Долнени Долнени Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Долнени Долнени