Свети Петар и Павле или Овчарска црква — црква којашто се наоѓа во Зрзескиот манастир.

Историја Црквата била изградена во XVII век, а била доградена во XIX век.

Архитектура Градбата на црквата има правоагола основа со многуаголна апсида на источната страна. Нејзиниот западен дел во целост е споен со манастирскиот конак.

Фрескоживопис Внатрешноста на црквата била зографисана во XIX век и живописот е со послаб квалитет од оној во црквата „Св. Преорбажение“ изработен неколку века порано.„Манастир „Свето Преображение”, Зрзе — фрескоживопис “. OldPrilep. 7 декември 2011. Од него се издвојува фреската на којашто е прикажан животот на овчарот во народна носија. Во врска со претставата на фреската постои легенда дека овчарчето храбро им се спротивставило на заканите од арнаутите кои во тоа време го пустошеле и унишувале просторот на манастирот, но притоа загинало и во негова чест црквата го добила името „Овчарска црква“.

Галерија

Поврзано Зрзески манастир Црква „Св. Преображение“ - Зрзе Црква „Св. Никола“ - Зрзе Зрзе Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зрзески манастир Категорија:Зрзе Зрзе