Џингис-хан (родено име: Темуџин = „железарец“) — голем хаган и основач на Монголското Царство, која по неговата смрт станала најголемата империја во светот. Тој е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Тамерлан.Ten of the greatest: Historical conquerors

До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја презел новата титула Џингис-хан. Титулата хаган, не ја добил сè до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.

Тој бил двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од Евроазија. Џингис-хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Во 1209 година Џингис-хан ја опколил и заробил Западна Шија. Во 1215 Џингис-хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг денес познат како Пекинг. Џингис-хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, а монголската војска била преморана да војува цели десет години. По оваа победа, државата на Џингис-хан се протегала до Балкајско Езеро и дошла до самата граница со Хварезмидското царство, муслиманска држава што се протегала од Каспиското Езеро до Персискиот Залив на запад и до Арапското Море на југ. Монголската армија под водство на Џингис-хан, неговите генерали и синови ги поминале Тјеншан и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. По падот на главниот град Самарканд, главниот град бил преместен во Бухара а Џингис-хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби. После големиот пораз на Хварезмидската Империја во 1220, Монголската армија била поделена на два дела. Џингис-хан предводел дивизија преку Авганистан и северна Индија, додека другиот контигент марширал преки Кавказот во Русија. Монголците ја уништиле Грузија, ја разрушила тврдината во Кафа во Крим и ја поминале зимата во близина на Црното Море. Субутај испратил гласници до словенските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле погубени. За време на Битката кај реката Калка во 1223, војската на Субутај ја уништила Киевската војска. Цела Средна Азија и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Во 1226 година, веднаш кога се вратил Џингис-хан во Монголија започнал напад над Тангутите (Западна Шија). Во ноември истата година, Џингис-хан предводел војска до градот Лингжоу и така ја повинал реката Хоангхо или Жолта Река, победувајќи ја тангутската армија. Во 1227, армијата на Џингис-хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан.

Пред својата смрт го назначил Огедеј Хан за свој наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Умрел во 1227 година, по победата над Тангутите. Бил закопан некаде во Монголија без назначен и обележан гроб и исто така локацијата на гробот не е позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од Азија и Источна Европа.

Покрај неговите освојувања, Џингис-хан исто така делувал и врз културниот и економксиот подем на Монголците и нивната империја. Под неговото водство, ујгурското писмо било во Монголското Царство. Овој валдетел исто така промовирал и верската толеранција во неговата држава. Денешните Монголци го сметаат за татко на Монголија.

Неговото име се наоѓа на голем број производи, улици, згради и останати позначајни објекти од јавен интерес. Неговиот лик може да се најде на монголските пари, и останати обележја за Монголија. Главниот меѓународен аеродром во Улан Батор е наречен Џингис-хан и статуа на Џингис-хан се наоѓа на самиот влез на Монголскиот парламент. Општо гледано, Монголците имаат голема почит кон ликот на Џингис-хан и е фундиментална фугура во монголскиот идентитет и историја. Потекло

Лоза

Предци на Темуџин од таткова страна биле истакнатите монголски водачи Кабул (Хабул)-хан, Амбагај-хан и Хутула-хан, потомци на Бодончар Мунгхаг , митскиот предок на Борџигините. Кабул-хан бил првиот водач на најголемата монголско племенска конфедерација во XII век, т.н Хамаг Монгол Histoire de la Mongolie By László Lőrincz, p.43. Јадрото на овој сојуз се состоел од четири племиња: Борџигините, Тајџиутите, Џалаирите и Џирукените. По смрта на Хутула-хан, монголскиот сојуз Хамаг Монгол не можел да избере хан, меѓутоа Јесугеј, таткото на Темуџин и водач на Борџигините (внук на Амбагај и Хутула-хан ) успеал да се наметне како водач на Хамаг Монгол. Јесугеј ја носел титулата багатур (херој или храбар воин). Во овој период монголската племенска конфедерација била ослабена од внатрешните борби, а Јесугеј се судрил со Тајџиутите, дирекни потомци на Амбагај-хан, кои ја оспориле неговата власт.

Оелун, неговата мајка, потекнувала од племето Олхонути (Олгони). Во олхонутското племе имало три големи семејства: Алаг-Адуут, Шар-Хона и Улаан-Залаат. Олхонутите имале блиски врски со Унгиратите. Во доцниот XII век, Унгиратите живееле во југоисточниот дел на монголските степи, северно од Кинескиот ѕид и јужно од Татарите, во денешна Внатрешна Монголија .

Раѓање 300px|мини|десно 300px|мини|десно 300px|мини|десно Поради недостаток од повеќе податоци, има многу малку факти за раниот живот на Темуџин. Неколку извори постојат за неговиот ран живот, но до некоја мера се контрадикторни помеѓу себе. Темуџин е роден во 1162 во Монголско племе во близина на планината Бурхан Халдун и реките Онон и Херлен, во близина на денешната местоположба на Улан Батор. Тајната историја на Монголците прикажува дека Темуџин е роден со крваво топче во неговите раце, знак дека ќе бил голем водач. Тој бил трето дете на неговиот татко Јесугај Батур, минорен племенски водач на Кијадите. Според Тајната Историја, Темуџин бил именуван по татарски водич кој бил заробен од таткото на Џингис.

Кланот на Јесухеј бил именуван како Борџигин. Како и останатите племиња и тие биле номади. Бидејќи таткото на Џингис бил водач на племето, Џингис важел како дел од благородничката класа. Оваа висока социјална положба му ја олеснило соработката со останатите номадски монголски племиња. Денес не постојат прецизни портрети од Џингис-хан, и секое прикажување на ликот на Џингис претставува уметничка презентација. Според персискиот историчар Рашид ал Дин во неговата книга „Хроники“ наследниците на Џингис-хан ги опишал како високи луѓе, со долги бради, црвенкасти коси и со зелени очи. Исто така, овој историчар ја опишал и првата средба помеѓу Џингис-хан и Кублај Хан.

Семејство Темуџин имал три браќа и една сестра: Хазар или Казар, Хаџиун и Темуге и Теулен. Покрај нив имал и двајца полубраќа по име Бехтер и Белгутеј. Како и останатите монголски номадски племиња, животот на Темуџин бил тежок. На девет години, тој бил верен за неговата идна жена Борте, која била член на истото племе како и неговата мајка. Тој таму служел на Сансар, главата на куќата, сѐ додека не наполнил 12 години. Додека тој бил кај Сансар, неговиот татко бил отруен за време на јадење. Тогаш Темуџин се вратил дома за да ја преземе власта како хан.

Наредните неколку години, Хоелиун, мајката на Џингис-хан, живеела во сиромаштија ловејќи диви животни и собирајќи плодови. За време на еден лов, Темуџин го убил својот полубрат, Бехтер. Овој инцидент му обезбедила сигурна позиција за власт. За време на еден друг инцидент во 1182, Темуџин бил заробен и чуван како затвореник од поранешниот противник на таткото на Џингис-хан, Бџарцкулар. Подоцна со помош на индиот генерал на Џингис-хан, Чилаун, тој успеал да побегне криејќи се во река. Во истото време двајца идни генерали му се приклучиле на Џингис-хан. Заедно со генералите, браќата и Џингис-хан создале воена сила спремна за експанзија.

Во меѓу време, ниту една од племенските конфедерации не биле обединети и поради тоа договорените бракови биле сметани како обединување. Темуџин пораснал набљудувајќи ја политичката клима во Монголија, опколен со насилство, грабежи, корупција и омраза помеѓу различните племиња а во исто време и под опасност од кинеска окипација. Мајката на Темуџин го учела него за политиката во Монголија и силата на политичкото здружување. Како и што било договорено, Темуџин се оженил со Борте кога имал 16 години. Тоа му ги обезбедиле добрите односи со тоа племе и тие имале четири сина: Џочи, Чагатај Хан, Огедеј Хан и Толуи. Покрај овие, Џингис-хан имал многу други деца со останати жени но нема податоци за женски деца.

Религија Според податоците, религијата на Џингис-хан е дискутабилна и се верува дека верувал во Шаманизам или Тенгризам, религии присутни помеѓу монголските номадски племиња. Тој бил доста религиски толерантен и бил заинтересиран да учи филозофски и морални лекции од останатите религии. Така тој соработувал со доста христијански, будистички, хиндуски и муслимански трговци.

Подем

Платото во Средна Азија, северно од Кина, за време на Темуџин, било поделено на неколку племиња или конфедерации, меѓу кои биле и Наиманците, Меркитите, Ујгурците, Татарите, Монголците и Кераитите. Овие биле најголеми племиња и често биле непријателски расположени кон себе.

Темуџин ја започнал градбата на својата политичка сила преку понуди на сојузништво, најнапред со неговиот брат Ванг Хан, кој бил хан на Кераит. Врската била воспоставена кога Борте била заробена од Меркитите. Тогаш Темуџин понудил помош на Тогрул. За возврат, Тогрул дал 20.000 војници. Иако кампањата била успешна и ја ослободиле Борте, таа ситуација довела до распадот на пријателството на Темуџин и Џамука. right|мини|50px|Името на Џингис Хан со традиционално монголско писмо Главните противници на Монголците околу 1200 година биле наиманците на запад, меркитите на север, тангутите на југ и татарите на исток. До 1190 година Темуџин и неговите следбеници обединиле само мал број на монголски племиња. Во обидите да создаде што повеќе сојузи, Темуџин прекршил некои од традиционалните монголски правила и обичаи. Темуџин утврдувал власт заснована на лојалност а не според семејните врски. Тој исто така ветувал големи материјални богатства на војниците што ќе учествуваат во идните воени судири. Кога Темуџин освојувал и поразувал нови племиња, не ги убивал противничките војници, туку целото племе го ставал под своја заштита. Темуџин одел до таа крајност што неговата мајка присвојувала сирачиња од противничкото племе за зацврстување на врските. Со правилото за лојалност и награди за воени успеси, Темуџин полека но сигурно ја зацементирувал својата водачка позиција и со секоја победа бил се појак.

Синот на Ванг Хан, Сенгум бил љубоморен на силата на Темуџин и токму поради тоа тој планирал убиство на Темуџин. Меѓутоа Темуџин доста научил од однесувањето и ставовите на Сенгум и подоцна го поразил него и неговите следбеници. Подоцнежно противење на Тогрул било одбивањето да ја даде својата ќерка да се омажи за Џочи, најстариот син на Темуџин што тогаш било знак за непочит во монголското општество. Овој факт довел до распаѓање на врските помеѓу Темуџин и Тогрул. Следбено на ова, а и поради лошите врски на Тогрул со Џамука и пребегнувањето на дел од војниците на Тогрул во редовите на Темуџин, довеле до пораз на Тогрул. Џамука побегнал за време на конфликтот а покрај тоа следел и падот на племето Кераит.