Тур де Франс 2019 (познато и како: Трка околу Франција 2019) — 106. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 6 и 28 јули како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката имала вкупна должина од 3.365,8 километри и се состоела од 21 етапа, започнувајќи на 6 јули во Брисел, Белгија, и завршувајќи на 28 јули со традиционалната етапа на Елисејските полиња во Париз. Воведната етапа (позната и како „Големо тргнување“, Grand Départ) била одржана во Брисел во чест на 50-годишнината од првата победа на Тур де Франс на Еди Меркс. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале во трката. Крајниот генерален пласман бил освоен од Еган Бернал од . Неговиот колега и победникот на Тур 2018, Герајнт Томас, завршил втор додека Стевен Краусвајк () завршил трет.

Колегата на Краусвајк, Мике Тенисен, ја освоил првата етапа во масовен спринт, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Жилијан Алафилип од го преземал водството на трката по победата на третата етапа. Ја изгубил жолтата маичка по шестата етапа од Џулио Чиконе (), кој бил највисоко пласиран возач во групата на бегството, кое завршило пред главната група. Водството на Чиконе на Тур траело две етапи, пред Алафилип повторно да ја преземе жолтата маичка, која ја носел на следниве единаесет етапи, вклучувајќи ги и оние на Пиринеите, пред да ја изгуби од Бернал на вториот ден на Алпите, на етапата 19, која била скратена поради лошото време. Бернал го одржал водството на завршните две етапи за победа на Тур.

Бодовниот пласман бил освоен од Петер Саган по рекорден седми пат, додека Ромен Барде од го освоил планинскиот пласман. Бернал, исто така, го освоил пласманот за млад возач. го освоиле екипниот пласман, додека Алафилип бил именуван најборбен на целата трка. Кејлеб Јуан од имал најмногу победи на етапите, вкупно три.

Екипи

Изданието во 2019 година имало вкупно 22 екипи. Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Дополнително, организаторот на трката, поканиле четири професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Трите француски екипи и една белгиска екипа учествувале на трката и претходно. Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставени пред медиумите и локалните власти – се одржала пред 75.000 луѓе на Големиот плоштад во Брисел, Белгија, на 4 јули, два дена пред воведната етапа.

Секоја екипа имала дозволено да настапи со осум возачи, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката. Од нив, 33 го имале својот прв настап на Тур де Франс. Возачите доаѓале од 30 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (43), Белгија (21), Италија (15), Шпанија (13), Германија (11) и Холандија (11). Просечната возраст на возачите на трката била 29,71 година, движејќи се од 21-годишниот Јаспер Филипсен () до 39-годишниот Ларс Бак (). го имала најмладиот состав, додека го имала најстариот.

Фаворити пред трката

мини|upright|Бранителот на титула Герајнт Томас (фотографиран на Тур де Франс 2018) се вратил да ја одбрани титулата.

Бранителот на титулата од 2018 година, Герајнт Томас, () се вратил да ја одбрани неговата титула. По прославата на неговата победа, на почетокот на сезоната 2019 бил надвор од форма. Првите знаци за подобрување на формата било третото место на Тур де Романди. Потоа, учествувал на Тур де Свис, но имал пад на четвртата етапа поради што ја напуштил трката и морал да се опорави. Ова ја довело во прашање неговата спремност за настап на Тур.

Второ- и третопласираниот од минатата година на Тур, Том Димулен () и Крис Фрум () не учествувале на трката. Фрум не можел да настапи по тешкиот пад еден месец пред Тур на Критериум ди Дофине. Во отсуство на Фрум, некои директори на екипите очекувале поотворена трка. Димулен го пропуштил Тур поради повреда на коленото, која го принудила да се откаже од Џиро д’Италија, првата голема трка во сезоната.

Возачи сметани за фаворити во генералниот пласман покрај Томас биле Ромен Барде (), Еган Бернал (), Јакоб Фуглсанг (), Стевен Краусвајк (), Микел Ланда (), Винченцо Нибали (), Тибо Пино (), Наиро Кинтана () и Адам Јејтс (). Барде завршил на подиумот двапати во неговата кариера, втор во 2016 и трет во 2017. Потфрлил во неговите подготовки за Тур, но неговото искуство и постојаност на неговите претходни резултати на трката го направиле да се смета за сериозен фаворит. Колегата на Томас, Бернал, ги освоил трките Париз-Ница и Тур де Свис, и го делел водството со Томас на неговата екипа. Фуглсанг имал многу успешна пролетна сезона, освојувајќи ја престижната еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, како и етапните трки Вуелта а Андалусија и Дофине. Фуглсанг, исто така, се сметало дека ќе има голема корист од неговата силна екипа. Меѓутоа, имало сомнеж како Фуглсанг ќе се справи со тринеделна трка. Краусвајк никогаш не завршил на подиум на крајот на некоја голема трка и иако страдел од болест пред Тур, ја започнал сезоната добро и се сметал за голем фаворит. Формата на Ланда била тешка да се предвиде, бидејќи не се тркал по завршувањето на Џиро, каде не завршил на подиумот. Негов најдобар резултат на Тур бил во 2017 година, кога завршил четврти возејќи како помошник за Фрум. Ветеранот Нибали немал победи во 2019 година, но завршил втор на Џиро и се сметал за фаворит поради неговото искуство. Тој бил единствен возач на почетокот на Тур покрај Томас кој го освоил Тур, изданието во 2014 година. Пино бил исто така сметам дека е во исклучителна форма откако завршил петти на Дофине и го освоил генералниот пласман на Тур де л’Ен и Тур ди О Вар. Меѓутоа се говорело дека притисокот поради домашен фаворит ќе му наштети, како и можното потопло време. Неговите претходни резултати на Тур се мешани: завршил трет во 2014 година, но во подоцнежните години двапати се откажал. Кинтана, двоен победник на некоја голема трка, бил гледан како кандидат за место на подиумот. Јејтс се вратил на трката откако завршил на 29. место минатата година. Иако се повлекол од Дофине поради болест неколку недели порано, се верувало дека е во добра форма поради неговите добри резултати претходно во сезоната.

Други возачи кои би имале добри резултати во генералниот пласман биле Емануел Бухман (), Даниел Мартин (), Енрик Мас (), Ричи Порт (), Ригоберто Уран и Тиџеј ван Гардерен (обајцата од ), Алехандро Валверде () и Илнур Закарин ().

Бранителот на бодовниот пласман, Петер Саган (), се вратил да ја одбрани титулата во обид да го сруши рекордот од шест победи на Ерик Цабел. Пред Тур го израмнил рекордот со Цабел, откако го освоил пласманот шест пати на изминатите седум изданија. Саган бил сметан за главен фаворит за победа на бодовниот пласман од медиумите, како и од обложувалниците. Возачи кои би биле најголеми соперници на Саган биле Кејлеб Јуан (), Дилан Груневеген (), Мајкл Метјус () и Елија Вивијани (). Други возачи кои би биле можни фаворити за зелената маичка биле Жилијан Алафилип (), Едвалд Боасон Хаген (), Александер Кристоф () и Ваут ван Ерт ().

Рута и етапи

мини|На височина од 2.770 метри, врвот на планинскиот превој Кол де л’Изеран (погледнат кон југ од врвот) на етапата 19 е највисокиот асфалтиран превој на Алпите.

На 30 мај 2017 година, ASO објавиле дека Брисел ќе биде домаќин на воведните етапи во 2019 година (позната како „Големо тргнување“), во чест на еден од најуспешните возачи на Тур, Белгиецот Еди Меркс, на 50-годишнината на неговата прва од петте победи на трката. Тоа било вторпат Тур да започне во Брисел и било петто белгиско „Големо тргнување“. Исто така, се одбележале 100 години од водечката жолта маичка на Тур. Други детали за првата етапа биле откриени на 16 јануари 2018 година, каде било споменато дека воведната етапа ќе го вклучи стрмното калдрмисано искачување Мур ван Герардсберген, секогаш вклучено на еднодневната Трка околу Фландрија и втората етапа, која била екипен хронометар на улиците на Брисел. Целата рута била објавена на 25 октомври 2018 година, која директорот на трката Кристијан Придом ја опишал како „највисок Тур во историјата“.

Воведната етапа го посетила Шарлеруа и се вратила назад во Брисел, поврзувајќи ги регионите Фландрија и Валонија на етапата. Започнувајќи во Бенш, третата етапа ја напуштила Белгија и влегла во Франција, додека следната етапа ја однела трката североисточно кон масивот Вогези, каде имало уште две етапи. Преодната седма етапа го однела Тур југозападно кон Централниот Масив, а осмата етапа завршила во градот Сент Етјен. Етапите 9 и 10 го поминале Централниот Масив, пред првиот ден за одмор. Следниве две етапи ја однеле трката на Пиринеите, каде имало четири етапи. По вториот ден за одмор, Тур имало долг трансфер на запад за етапата 16, која завршила во Ним. Етапата 17 ја однела трката на Алпите на Гап. По трите алпски етапи се извршило авионски трансфер до предградијата на Париз, со што завршила трката на Елисејските полиња.

Имало 21 етапа на трката на вкупно растојание од 3.365,8 километри. Имало две хронометарски етапи, екипен хронометар на втората етапа на растојание од 27,6 километри и поединечен хронометар на етапата 13 на растојание од 27,2 километри. На преостанатите деветнаесет етапи, седум биле официјално категоризирани како рамни, пет како ридски и седум како планински. Најдолга етапа била десеттата етапа со 217,5 километри, додека најкратка била етапата 14 со 117,5 километри. Рутата имала пет завршници на нагорнини: етапата 6 до Ла Планкш де Бел Фил; етапата 14 до Кол ди Турмале; етапата 15 до Фоа; етапата 19 до Кол де л’Изеран; и етапата 20 до Вал Торен. Планинскиот превој Изеран, највисок асфалтиран превој во Европа, бил вклучен на етапата 19. Ова било седми пат Тур да го искачи Изеран на 2.770 метри, но само вторпат од потешката јужна страна. Таа била едно од петте искалувања од „екстра категорија“ на самата трка.

Преглед на трката

Прва недела

мини|Возачот на , Мике Тенисен (во средина), во текот на екипниот хронометар на втората етапа, ја носи жолтата маичка во генералниот пласман, која ја добил по освојувањето на воведната етапа

Масовната спринтерска завршница на првата етапа била освоена од возачот на , Мике Тенисен. Бил дел од спринтерскиот воз на екипата, кој бил предводен од нивниот главен спринтер Дилан Груневеген, но самиот паднал во последните два километри, поради што Тенисен бил слободен да спринта. Ги освоил првата жолта и првата зелена маичка како предводник на генералниот и бодовниот пласман, соодветно. Возачот од бегството, Грег ван Авермат, () ја предводел трката на највисоко категоризираното искачување на етапата, Мур ван Герардсберген, поради што станал прв во планинскиот пласман и ја носел првата точкеста маичка како предводник на пласманот.

Тенисен го зголемил водството на трката по екипната победа на екипниот хронометар на втората етапа, која завршила дваесет секунди пред второпласираната . Меѓутоа, неговото водство имало краток век откако Жилијан Алафилип го презел првото место со силен напад на последното искачување на третата етапа, достигнувајќи го и престигнувајќи го остатокот од бегството создадено на почетокот на етапата, со што ја освоил самата етапа. Петер Саган и Тим Веленс () го презеле водството во бодовниот и планинскиот пласман, соодветно. Следела рамна етапа, која завршила со масовен спринт, кој го освоил Елија Вивијани.