Мрваци — македонска етнографска група што ги населува Серско, Валовишко (Демирхисарско) во Егејска Македонија и Неврокопско во Егејска и Пиринска Македонија.
Етнонимот произлегува од поимот мрвамрва (ж) — Дигитален речник на македонскиот јазик, што значи ситно парченце јагленова пепел, која останува по обработката на рудата. Во подрачјето наречено Мрвачко, во XIX век многу села се занимавале со рударство и железарство, но кон крајот на векот занаетот замрел. Називот „Мрваци“ првично се однесувал на рударските села, а подоцна го опфатил населението на целото подрачје. Мрваците зборуваат на свој мрвачки говор, кој ѝ припаѓа на групата серско-драмски дијалекти на македонскиот јазик.
Според дипломатот Атанас Шопов мрвачки села се:Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 114.
Неврокопска Каза: Даг Чифлик (Добротино), Јуч Дурук (Делчево), Мусомишта (Мосомиште), Лески (Ново Лески), Тешово, Гајтаниново, Парил, Л’ки, Ловча, Караќој, Трлис, Долно Броди, Елес, Куманич, Либјахово, Везме, Зрново, Старчишта и Белотинци Серска Каза: Лакос, Дутлија, Раховица, Баница, Горно и Долно Фраштани, Мертатово и Метох Демирхисарска Каза: Горно и Долно Спанчево, Храсна, Ковачево, Петрово, Голешово, Сенгелово, Белово, Црвишта, Крушево, Крчово, Радово, Пулево, Елешница и Герман.
Васил К’нчов ги посетил овие места во 1891 г. и напишал:
Кон крајот на XIX век името Мрвак почнало да се користи погрдно. Во врска со тоа, во 1893 г. Атанас Шопов напишал:
Поврзано Мрвачко Мрвачки говор
Наводи
Категорија:Луѓе од Серско Категорија:Луѓе од Валовишко Категорија:Луѓе од Неврокопско Категорија:Македонци