Мал зелкар (Pieris rapae) е пеперутка со мала или средна големина, дел од групата на пеперутки белци. Оваа пеперутка е сродна со големиот зелкар, и двата вида на пеперутки се препознатливи по белата боја на крилјата.
Гасеницата на оваа пеперутка се смета за штетник за градинарските култури како што зелка, кељ и брокула. Пеперутката е распространета низ Европа и Азија. Се верува дека потекнува од источното средоземје. Низ минатите два века, пеперутката се проширила и во Северна Африка, Северна Америка, Нов Зеланд и Австралија, како резултат на случајно воведување.
Опис По изглед изгледа повеќе како помала верзија на големиот зелкар. Горната страна е кремасто-бела боја со црни точки на врвотите. Женките, исто така, имаат две црни точки во центарот на предната страна. Нејзините долна страна е жолтеникава со црни точки. Понекогаш се помешува со молец поради неговиот обичен изглед. Распонот на крилјата кај возрасните е приближно 32–47 мм.http://www.cbif.gc.ca/spp_pages/butterflies/species/CabbageWhite_e.php
Живеалиште
Видот има природен живеалиште низ Европа, Азија и Северна Африка. Случајно бил воведена во Квебек, Канада во околу 1860 година и рапидно се ширил низ Северна Америка. Видот се раширил во сите животни зони во Северна Америка. Проценките покажуваат дека една женка од овој вид може да биде предок на неколку генерации од милиони единки. Малиот зелкар е отсутен или оскуден во пустинските и полусушните региони (освен за наводнуваните области). Не се наоѓа на север од канадската животна зона, ниту на Каналските острови крај брегот на јужна Калифорнија. Случајно била воведена и се размножила во Нов Зеланд и Австралија. Има знаци дека навлегува и во Јужна Америка.
Видот може да се најде на кое било отворено подрачје со разнолика вегетација. Може да се види обично во градовите, но исто така и во природните живеалишта, претежно во долинските предели. Иако е прикажан афинитет кон отворените области.
Наводи
Литература Asher, Jim et al.: The Millennium Atlas of Britain and Ireland. Oxford University Press.
Надворешни врскки
Pieris project Pieris rapae Мал зелкар
Категорија:Белци (пеперутки) Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј