Доспат () — вештачко езеро на реката Доспат во Западните Родопи, Бугарија. Сместено е на надморска височина од 1.200 м и зафаќа површина од — едно од најголемите во земјата.Язовир Доспат, статия в Journey.bg. Изградено е на истоимената река Доспат, во Пазарџичката и Смољанската област, во непосредна близина на границата со Неврокопско, Пиринска Македонија. Во езерото се застапени крапот, пастрмката, ципалот, кострешот, црвеноперката и карашот.

Каскадата „Доспат – В’ча“ е најголемиот хидроенергетски комплекс во Бугарија. Езерото е изградено како втора акумулација по големина во земјата, и почнало да се полни во 1967 г., што траело две години. Кон езерото се насочени водите од сливот на Осинска Река, благодарение на кои езерото добива дополителни 10 милиони м3 вода годишно, покачувајќи ја делотворноста на сите централи по каскадата за 10 % или 10 гигаватчаса годишно. Водата од Доспат се пренасочува кон ХЕЦ „Тешел“ и надолу по каскадата „Доспат-В’ча“.

Пред изградбата на езерото, површините под него биле плодна долина во која се сееле житни култури. Жителите на селата од целиот крај се најмувале како жетвари кога се прибирала реколтата. Со исполнувањето на долината се евакуирани селата Орлино (Бозалан/Бозилан)Орлино в GeoNames, сместено на западниот брег на реката и Брдуче (Бардакчи)Бърдуче в GeoNames и делумно Крушата (Армутчук/Арнудли), сместени на источниот.

Езерото се протега во насока северозапад – југоисток, во должина од 19 км и ширина од околу 3 км, По североисточниот брег минува живописен пат меѓу градовите Срница и Доспат.

Слики

Поврзано Доспатска Котлина

Наводи

Надворешни врски

Езерото Доспат во порталот на НЕК

Категорија:Вештачки езера во Бугарија Категорија:Пазарџик (област) Категорија:Смољан (област) Категорија:Западни Родопи Категорија:Родопи