Пештерски лав (), познат уште како степски лав, е изумрен вид од семејството на мачки, кој е познат преку фосилните остатоци и праисториските цртежи на ѕидовите на пештерите создадени во текот на средниот Плеистоцен и раниот Холоцен. Најстари фосили се откриени во Јакутија и стари се најмалку 62.400 години, а изумрел пред околу 13.000 години.
Филогенетска анализа на фосилизираните коски од пештерскиотлав покажала дека тој значително генетски се разликува од современиот лав (Panthera leo), видот којшто ја населува Африка и Азија.
Опис на физичкиот изглед мини|alt=Илустрација.|лево|мини|Реконструкција на возрасен примерок од Panthera spelaea
Пештерски лав е еден од најголемите познати видови на лавови. Кај скелетот на возрасен мажјак, пронајдено во близина на градот Зигсдорф во Германија во 1985 година, измерено е дека бил висок во рамената околу 1,2 метри и долг 2,1 m (не сметајќи ја опашката). Овој скелет е спореден и со другите фосили на примероци од овој вид, што на крај довело до заклучок дека овој вид е за 8 до 10% поголем од денешнитех подвидови на лавови, но затоа е помал од европскиот пештерски лав (Panthera leo fossilis) и американскиот лав (Panthera atrox).W. v. Koenigswald: Lebendige Eiszeit. Theiss-Verlag. Пештерските лавови познати ни се и преку пештерските цртежи, глинените фигурички и резбаријата во слонови коски. Овие претстави ни покажуваат дека пештерските лавови имале заоблени, издадени уши, бушави опашки, евентуално бледи линии на грбот кои наликуваат на оние кај тигарот, а некои примероци имале наборен околувратник или примитивна грива околу вратот, што ни зборува дека се работело за мажјаци од овој вид (што укажува дека кај овој вид, како и кај денешните лавови, постоел полн диморфизам).
Класификација Според некои извори пештерскиот лав (Panthera spelaea) е класифициран како подвид на лавот и имал научно име Panthera leo spelaea.Kurtén, B., 1968. Pleistocene Mammals of Europe. Weidenfeld and Nicolson, London. Меѓутоа, според резултатите од морфолошките студии се разликува од него во черепната и забната анатомија, од што произилегува дека пештерскиот лав (Panthera spelaea) оправдано има статус на вид. Резултатите од филогенетските студии исто така одат во прилог на овој заклучок.
Еден автор сметал дека пештерскиот лав е посроден со тигарот отколку со лавот, врз основа на споредување на формите на черепите, и го предложил научното име Panthera tigris spelaea.
Еволуција Panthera spelaea еволуирал од P. l. fossilis, кој првпат во Евроазија се појавил пред околу 700.000 години. За фосилите на P. spelaea откриени во Полска утврдено е дека се стари помеѓу 109.000 и 57.000 години. Во Евроазија пештерскиот лав изумрел пред 14.900-14.100 години, а во Берингија пред 13.800-13.300 години.
Со анализа на митохондриската ДНК (примероци се земени од фосилизованите коски) утврдено е дека американскиот лав (P. atrox) и пештерскиот лав (P. spelaea) се сестрински таксони, и дека американскиот лав настанал од една група на пештерски лавови (P. spelaea) која останала изолирана на северноамериканскиот континент пред 340.000 години.
Филогенија Подолу прикажаниот кладограм ја претставува филогенетската врска на видот пештерски лав со останатите претставници од родот Panthera.
Поведение мини|alt=Илустрација.|илустрација на помала група на пештерски лавови покрај убиениот ирвас
Овие активни месождери се хранеле со големи билкојадци од нивното време, што вклучува: елени (црвен елен, ирвас, лос, срна, и изумрениот ирски елен (или Мегалоцерос како инаку го нарекуваат овој вид)), европски бизони, турови, диви коњи и волнести носорози. Исто така се хранел и со повредени, стари или млади волнести мамути. Својот плен го убивале со силен загриз и со оштрите заби во пределот на вратотLessem, D. 1999. Dinosaurs to dodos. An encyclopedia of extinct animals. Scholastic, New York. 122pp.. На некои пештерски цртежи пештерските лавови се прикажувани како ловат во чопор, што ни зборува дека овие лавови ловеле на сличен начин како денешните видови каде во лов претежно оделе женките. Примерокот за анализа на изотопите во колагенот изваден од коските на пештерскиот лав нам ни зборува дека ирвасите и младенчињата на пештерската мечка биле чести во исхраната на популацијата на пештерските лавови од северозападот на Европа. Голема промена во исхраната на пештерските лавови се случила по исчезнувањето на пештерските хиени од околината. Се чини дека брз пораст на ловот на ирваси до самата точка на изумирање, од страна на пештерските лавови предизвикал изчезнување на овој подвид на лавови од подрачјата кои ги населувал.
Распространетост и живеалиште мини|alt=Илустрација.|илустрација на мегафауна од леденото доба на подрачјето на денешна северна Шпанија
Пештерскиот лав живеел од средниот Плеистоцен до раниот Холоцен и го населувал подрачјето на Европа (од Велика Британија, Германија и Шпанија(Arduini & Teruzzi, 1993) па до Источна Европа и Балканот), Азија (Русија и Туркестан)'Supersize' lions roamed Britain BBC News 1 April 2009 и на северозападот на Северна Америка (Алјаска и Јукон).
Пештерскиот лав го добил своето име по тоа што остатоците од овој подвид се најдени во големи количества во пештеритеArduini, P. & Teruzzi, G. 1993. The MacDonald encyclopedia of fossils. Little, Brown and Company, London. 320pp.. Главно живеел во рамници и шумиHublin, J.-J. 1984. The Hamlyn encyclopedia of prehistoric animals. Hamlyn, London. 318pp., каде живееле средно големите тревопасни животни . Фосилните отпечатоци од овие лавови, кои можат да се најдат заедно со отпечатоци на ирваси, ни укажуваат дека овие лавови ги населувале и подрачјата со субполарна клима. Присуство на скелети на возрасни примероци од овие лавови во дувла кои некогаш ги користеле пештерските мечки ни укажува на тоа дека пештерските лавови понекогаш ловеле и убивале пештерски мечки додека биле во фаза на зимска хибернација. Еден број од овие скелети ни укажуваат дека некои примероци страдале во обид да совладаат мечка.
Фосили
Пештерски цртежи и фигурички од пештерски лав
Поврзано Пештерска мечка Пештерска хиена
Наводи
Литература
-{Barnett, Ross et al. 2009. Phylogeography of lions (Panthera leo ssp.) reveals three distinct taxa and a late Pleistocene reduction in genetic diversity. Mol. Ecol., 18: 1668–1677.}-
Надворешни врски Праисторијске мачке Prehistoric cats and prehistoric cat-like creatures, from the Messybeast Cat Resource Archive. American lion, by C. R. Harrington, from Yukon Beringia Interpretative Center. The mammoth and the flood, volume 5, chapter 1, by Hans Krause. Hoyle and cavetigers , from the Dinosaur Mailing List. (Groiss) The Interaction of the European Cave Lion and Primitive Humans
Категорија:Фосили Категорија:Лавови Категорија:Праисториски животни Категорија:Изумрени цицачи