Градиште (или Беговиште) — утврдена населба од доцноантичкото време. На 3 километри северно од селото Кучевиште, на ридот што доминира над околината со својата надморска височина од 900 метри, на врвот и на јужната падина се гледаат остатоци од утврдена населба. По површината се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бошњачка Чешма — некропола од доцноантичко време; Град — градиште од доцноантичко време; Кучевиште — осамени наоди од римско време; и Радишко — некропола од римско време.
Наводи
Категорија:Кучевиште