Деветточкестата бубамара (Coccinella novemnotata) е вид на бубамара од Северна Америка.

Деветточкестата бубамара е државен инсект на сојузната држава Њујорк од 1989 година."Symbols of New York State" , New York State Department of Environmental Conservation. Retrieved 2008-03-30 Бројот на единки на оваа бубамара се намалува, бидејќи бројот на донесените видови како што се седумточкестата бубамара и азиската бубамара се зголемил. Еден период се сметал за изумрен вид во Њујорк,A Few Things Lawmakers Can Agree On, The New York Times, 23 June 2006. така што во 2006 година, државата размислувала да ја прогласи дванаесетточкестата бубамара како државен инсект, но законот не бил усвоен во Сенатот. Во 2006 година, деветточкестата бубамара била забележана во Вирџинија (првпат на Источниот брег за 14 години).Ramanujan, Krishna. "New York's state insect, the nine-spotted lady beetle, rediscovered in eastern U.S. after 14 elusive years", Cornell Chronicle, 17 April 2007. Retrieved 2008-03-30. Во 2011 година, околу 20 од овие бубачки биле пронајдени на една фарма во Амагансет, Њујорк, за првпат од 1982 година.Ladybug, Ladybug, Welcome Back Home: Good News for the Official State Insect, The New York Times, 24 November 2011

Идентификација Деветточкестата бубамара може да се идентификува поради присуство на четири црни точки на секоја од нејзините наткрилца, единечна црна точка помеѓу наткрилцата како и црна линија меѓу наткрилцата.

Опсег Деветточкестата бубамара е ендемски вид во Северна Америка, во САД и јужна Канада. Некогаш била најчест вид во североисточниот дел на Соединетите Држави сè до почетокот на 1990-ти години, а последните единки биле собрани во Мериленд, Пенсилванија и Делавер меѓу 1986 и 1988 година, како и во Мејн во 1992 година.

Опаѓање Инвазивните видови како што се Азиската бубамара, понекогаш се одговорни за опаѓањето на бројот на деветточкестата бубамара, но во некои области нивниот број бил во опаѓање и пред доведувањето и зголемувањето на бројот на инвазивните бубамари.

Наводи

Категорија:Бубамари Категорија:Инсекти на Северна Америка