Виштерица () — река во Банско и Грменско, Пиринска Македонија, десна притока на Канина од сливот на Места. Долга е 24 км. Ги одводнува најсеверозападните делови на Доспат Планина во Западните Родопи.
Реката извира на надморска височина од 1.586 м, 1,7 км северозападно од врвот Каракаја (1.761 м) на Доспат Планина (Дабраш) во Западните Родопи. Тече во правец југ-југоисток, во релативно плитка и силно пошумена долина. Завршува како десна притока на реката Канина во месноста Гатера (1.151 м.н.в.), 9 км североисточно од с. Ковачевица. Во устието Виштерица има речиси исто количество вода колку и главната река.
Сливот зафаќа површина од , што претставува 34,19 % од вкупниот слив на Канина.
Главни притоки се Каратичка Река (лева) и Елушка Река (десна).
По течението на реката нема населени места. Во горното течение, покрај мало езерце, е сместено шумарското место „Виштерица“.
Дел од водите на Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат.
Карта Лист од карта K-34-84. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Канина
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Банско Категорија:Општина Грмен Категорија:Слив на Места