Тројан () — град во северна Бугарија, Ловечка област, на 35 км јужно од Ловеч. Сместен е меѓу двата брега на реката Бели Осам, на северните падини на Стара планина. Последна станицa на железничката линија Левски-Тројан. Има автопатишта кон Ловеч, Тетевен, Севлиево, Априлци, а низ Тројанскиот премин кон Карлово и Пловдив. Тројан е втор по големина во областа по Ловеч и административен центар на истоимената општина.
Тројан изникнува во ХV век како населба во влезот од Тројанскиот премин. Името го добива според централното од римските патишта Виа Трајана (меѓу Дунав и Белото Море). Од времето на Траките се откриени керамички и бронзени садови, монети, камени и коскени предмети.
Во 1871 г. бугарскиот револуционер Васил Левски создава револуционерен комитет.
Тројанскиот манастир "Успение Богородично" е трет наjголем во Бугарија, каде се чува и чудотворната икона на Богородица Трорачица.
Во с. Орешак се организира "Националната изложба на народните и уметничките занаети".
Познати личности Љубомир Левчев - добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2010 г.
Природа
Крај Тројан се наоѓаат природните резервати - Козја стена, Стенето, Северен џендем, кои се дел од Националниот парк "Централен Балкан" - познат со единствениот растителен и животински свет. Во резерватот Северен Џендем се изброени 30 водопади со височина над 20 м. Интересно карпеста форма е камениот свод “Крали-Маркова дупка”, покрај планинарскиот дом "Амбарица".
Надворешни врски
Слики од Тројан Тројан - виртуелна прошетка Мрежно место на Општина Тројан Радио и телевизија во Тројан Новости од Тројан
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во Општина Тројан
Категорија:Населени места во областа Ловеч