Црна Места (дијалектно: Черна Места, ) — река во Разлошко (Општина Јакоруда), Пиринска Македонија, лева составница на реката Места. Долга е 23,3 км. Се образува со слевањето на реките Софаница (Софан Дере) и Леевштица во клисурата Врви СекулОбщина Якоруда – Възможности за развитие на екологичен и устойчив туризъм, а како почеток се смета Софаница.
Реката извира под името Ражавица на 2.434 м.н.в. на Источна Рила, меѓу врвовите Сивричал (2.641 м) на југ и Равни Чал (2.637 м) на север. До вештачкото езеро Белмекен тече на југ, а потоа на југозапад под името Софаница (Софан Дере), во тесна (до 60–80 м), стрмна и мошне пошумена долина со стрмни (30–40°) страни. Коритото е тесно и каменливо, со чакалесто–каменливо дно. По вливот на Леевштица реката свртува на југ веќе под името Черна Места, со истите одлики на долината. Кај селото Черна Места долината се насочува кон југозапад, и 1,8 км по него, на 941 м.н.в. се слева со Бела Места и двете заедно го сочинуваат почетокот на самата река Места. Во овој последен дел коритото ѝ е поблаго (околу 30 м/км)Данни за водите в България – Места, Общи хидроложки данни , а долината ѝ се проширува, достигајќи 300–400 м.
Сливот на реката зафаќа , што претставува 4,76 % од вкупниот слив на Места.
Главни притоки: → лева, ← десна → Куртовска Река ← Кардалица (Даутица) ← Леевштица → Ваклева Река
Средниот годишен истек кај селото Черна Места изнесува . Поради големата висинска разлика на течението, Бела Места има два јасно изразени највисоки и најниски водостоја. Во високите предели најполноводна е во мај, а најслабоводна во февруари; во ниските предели тие се во април и септември. Средниот наклон на течението е многу голем 64,7 м/км. Средната надморска височина на сливот изнесува 1.595 м.
По течението на Черна Места има само едно населено место — селото Черна Места, наречено по неа.
Реката е проодна со низок степен на тешкотија (I–II категорија).Кану-каяк клуб „Арзус“ Стара Загора – Реки
Горното поречие е обраснато со кривул, муника, смрча, бел бор, а долното — со бука и даб.
Во 2003 г. е направено испитување за мала хидроцентрала, со што е утврден потенцијал од 1.350 киловати моќност и 5,9 гигават-часови струја годишно.Енергопроект – Хидроенергетика ООД – Малки ВЕЦ, Наводи
По десниот брег на реката, од с. Черна Места до устието, на растојание од 2 км поминува дел од второкласниот пат II-84: Зв’ничево – Велинград – Мехомија (Разлог). Во истиот дел, напоредно на патот поминува и делница од теснолинејката Септември – Добриништа.
Во горното течение на реката, југозападно од вештачкото езеро Белмекен е изграден големиот спортски комплекс „Белмекен“ наменет за тренирање.
Поплавување Во 2005 г. реката се излеала од коритото, однесувајќи две масивни градби во с. Черна Места и ги поплавила пределите од устието до крајот на Општина Јакоруда, на подрачје долго 18 км и широко околу 50–60 м, загрозувајќи два моста со поткопани потпориНародно Събрание на РБългария – Стенограма от пленарно заседание, сряда, 10 август 2005 . Предизвикани се големи штетиРиболовни новини – Поискаха спешно почистване на Черна Места, прекривајќи десетици декари ници со камења, тиња и наноси. Ова ја загрозило земјоделското производство во регионот за следната 2006 г.
Топографска карта Лист од карта K-34-72. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Бела Места Разлог (област)
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Јакоруда Категорија:Рила Категорија:Притоки на Места