Паркот Буда, или познат и како Сјенг Куан („град на духови“) е градина со скулптури која се наоѓа на 25 километри југоисточно од Виентијан во Лаос. Паркот бил изграден на ливада покрај реката Меконг. Иако не се смета за храм, често се именува како храм („ват“) поради бројните скулптури со религиозни мотиви. Самиот парк има над 200 хиндуистички и будистички статуи. Владата го управува паркот како туристичка атракција и јавен парк.

Преглед Изградбата на паркот започнала во 1958 година од страна на Луанг Пу. Тој бил свештеник-шаман кој ги интегрирал и хиндуизмот и будизмот. По револуцијата во 1975 година, гневен од репрекусиите на Патет Лао, побегнал од Лаос во Тајланд, каде изградил друга градина со скулптури - Сала Кеоку во Нонг Каи. Двата парка се во близина на тајландско-лаоската граница.

Статуите се изградени од армиран бетон, и некои имаат дури и бизарен лик. Тие изгледаат како да се стари со векови, но всушност не се. Има скулптури од луѓе, богови, животни и демони. Исто така има и бројни статуи на Буда, но и хиндустички богови како што се Шива и Вишну. Се верува дека овие скулптури биле лиени од неумешни работници.

Галерија

Наводи

Литература John Maizels, Deidi von Schaewen (photo), Angelika Taschen (ed.), Fantasy Worlds, Taschen (2007), pp. 218–219.

Категорија:Згради и градби во Лаос Категорија:Виентијан