Далматински зелкар (Pieris mannii) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Опис Распонот на крилјата на пеперугата е од 19 до 25 мм. Возрасните единки летаат од март до октомври, во зависност од локацијата. Ларвите на зелкарот се хранат со растенијата Iberis sempervirens и Sinapis. Предниот дел на горната страна на крилјата има поголема и покоцкеста дамка. Дамката се протега до основата на крилјата и е во црна боја. Пеперугата е претежно во жолтеникава боја.

Распространетост Пеперугата живее во Јужна Европа, Мала Азија, Мароко и Сирија. Во скоро време забележана е на Алпите во Франција и Германија. Во 2015 година за првпат е забележана и во Холандија.

Наводи

Поврзано Пеперуги во Македонија

Надворешни врски Молци и пеперуги во Европа и Северна Африка

Категорија:Белци (пеперутки) Категорија:Инсекти на Македонија