Бабјачка Река () — река во Разлошко (Општина Белица), Пиринска Македонија која тече низ пределите на Велиичко-виденичкиот Дел на Западните Родопи. Во горното течение се нарекува Грбница, а главното име го добива откако ќе стаса во с. Бабјак. Извира од југозападната страна на Орцев Врв (Кавунтепе, 1.703,3 м).
Најпрвин реката тече на југозапад, а по с. Бабјак свртува на запад. Пред с. Лутово повторно свртува во југозападен правец. Завршува како лева притока на Места, јужно од с. Краиште. Долга е 16,9 км, а најголема притока е Чирек (десна). Долината на Бабјачка Река е сочинета од гранит, а поречието ѝ е покриено претежно со иглолисни шуми. Сливот зафаќа , при средна надморска височина од 1.250 м.Пирински край, стр. 52
Реката тече крај селата Лутово, Бабјак и Хахњово (Горно Краиште), сите во Општина Белица. Водите се користат за наводнување.
Поврзано Западни Родопи
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Западни Родопи Категорија:Општина Белица Категорија:Притоки на Места Категорија:Родопи